Георги Шејтанов
Ако нашият път към светлината и свободата е лош, нека ни осъдят пазителите на закона; ако този път е истината на живота, тя ще ги изобличи, защото те я осъдиха. Ще се надигнат сенките на паднали предтечи в траурно шествие от единия до другия край на света; истината ще застане като съдник над окървавената съвест на всички палачи и няма да се върнат в гробовете си мъртвите, докато не станат живите.

Можеби најзначајниот бугарски анархист, Георги Шейтанов е роден во Јамбол, Бугарија во 1896. Бил одличен и перспективен ученик во Јамболската гимназија (член на тамошниот литературен округ), но од мали нозе бил пргав и бунтовен. Можеби и затоа уште како адолесцент се ореинтирал кон анархизмот. Веќе на 17-годишна возраст започнува со радикални дејства: ги пали судските архиви; потоа оди во затвор од каде што бега и мора во егзил – на 18 години веќе се наоѓа во Париз.
Таму се среќава со други (бугарски) анархисти; како најзнаечаен од нив биографите го споменуваат Варбан Килифарски (?! мене непознат).
Во Бугарија се враќа во 1914, продолжувајќи со револуционерните активности. Повторно е фатен и малтретиран од полицијата; и повторно врши бегствово периодот 1917-1918; се споменува како единствениот бугарски револуционер кој по стартот на Октомвриската Револуција се упатува кон Русија – преправен како војник.
Во Москва стапува во контакт со многу марксисти и бољшевијци, и добива за задача да го приготви изданието на Речникот на револуцијата на бугарски. Се спријателува со руските анархисти и станува свесен за всушност контра-револуционерната улога на Бољшевијците (и доживува големо разочарување).
По кусо време одлучува повторно да се врати во Бугарија поради новонастанатата ситуација која е во полза на револуцијата (колапсот на фронтот и незадоволството кај војниците). Минувајќи низ Украина, запаѓа во рацете на Белата Гарда, при што врши бегство од сопственото стрелање; лице в лице со стрелачкиот вод!
По враќањето во Бугарија, се поврзува со анархистите. Ги издава „Писмо до анархистите“ и „Манифестот на Револуционерите“.
Учествува во многу вооружени антидржавни акции, при што повторно е фаќан и затваран; два пати успева да изврши спектакуларни бегства. Јавно пројавува незадоволство и ја критикува герилската тактика на Движењето, како неадекватна на состојбите во Бугарија. Неговите заложби се усмерени кон создавање на гломазна организација и воопшто активирање на масите; неговите идеи се создавање на заеднички фронт на анархистите, комунистите, земјоделците, работниците, беспартијците итн. Како талентиран и харизматичен пропагандист, оратор и поет, успеал да влијае врз многумина.
Учествува во акцијата за ослободување на познатиот анархист Петар Мазнев од затвор; при која заробени се и неколку полицајци. Полицајците се ослободени откако биле приморани да ветат дека по пуштањето ќе ги напуштат работните места – и сите до еден стоеја на зборот! Мазнев подоцна умира од туберколоза. Неговиот закоп е добра прилика за организирање на масовни анархистички демонстрации, при што Шејтанов одржува легендарен говор, кој понатаму го стимулира напредокот и распространувањето на анархистичкото движење.
Шејтанов пишува во „Свободно общество“ – теорискиот билтен на Анархо-комунистичката Федерација, како и во „Пламък“, влијателно списание. Го уредува и издава револуционерниот весник „Акратија“ во преиодот 1924-1925, кој излегува само три пати.
Во 1923 се случува превратот во Софија Килифаревското народно востание (против Стамболиски и деспотијата над земјоделците, учество земаат околу 35.000 луѓе). Гневот на полицијата се навртува кон Шејтанов и пратени се неколку одреди со задача да го фатат. Поради тоа, целата герила итно се обединува за негова заштита, но подоцна мора да се расформираат.
Сепак, Шејтанов не мирува – откако за кусо време пак се активира во Килифаревските чети, се упатува кон Софија, каде што со Васил Икономов се соучесници на Петар Абаџиев во атентатот над Никола Милев на 25-ти февруари 1925 година. Тоа е причината и Ванчо Михајлов да тргне по главата на Шејтанов.
На 14 април 1925 убиен е бугарскиот генерал Константин Георгиев од страна на комунистите. На 16 април се одржува неговиот закоп во црквата Св. Недела во Софија – кога се случува тогаш најкрвавиот терористички акт за кој светот знаел и накрвавиот настан во историјата на Бугарија! Главната намера е да се убијат сите припадници на државниот врв, вклучително и Царот Борис Трети. Настанот е планиран цела година; треба да предизвика пресврт; главен оперативец повторно е Петар Абаџиев. Експлодираат 25 кила динамит детонирани од Никола Петров. Гинат повеќе од 150 лица, уште 500 се повредени! Царот Борис не е присутен на погребот; сите владини членови преживуваат; но убиени се неколку генерали. Веднаш се прогласува воена диктатура, и започнува прогонот на комунистите; анархистите; револуцинерите.. многумина се фатени, убиени, затворени, некои успеваат да пребегаат во Југославија или СССР..
На 26ти мај 1925, Георги Шејтанов и Мариола Сиракова (и неговата чета) се во Килифарево и се решаваат да тргнат кон турската граница – кај Нова Загора се фатени во заседа и подоцна убиени. За смртта на Шејтанов постојат две верзии. Едната е дека бил егзекутиран во Пловдивско, од страна на полицијата. Другата е дека бил предаден на Михајловистите, и одведен во Благоевград, каде му било судено заради соработката со Димо Хаџи Димов и убиството на Никола Милев; и токму Врховистите го ликвидирале.
По Втората светска војна, Комунистите го промовираат Шејтанов како херој; именувани се улици и училишта по него; во Јамбол му е подигнат и споменик. Сепак, тоа не ги спречи да ги прогонуваат преживеаните негови соборци, убивајќи ги или праќајќи ги по затвори!
Преведено од статијата на Nick Heath; проширено со детали од статијата на Бугарскиот анархистички портал.
Последната песна на Шејтанов, напишана на 28 мај 1925, во заточеништво во Нова Загора. При „транспортот“, се претпоставува дека затвореникот кому Георги му ја дал песната, ја оштетил опаковката од цигари на која била песната пишаната, па затоа возможно е да имало и грешки во преписот подоцна.
Нелегален
Сред гол Балкан, обсипан с камънаци,
На самотник чух отчаяния вик, окъсан,
Проснат в диви буреняци, скрит вглеждах се
в страшния му лик, по небето черни
облаци се носят,
вихри вият по Балкана, наоколо пустота, мъгла
и здрач и всичко носи се зловещо надалеч
(като великан)
Безпокоен с тъга чух лютата му реч -
на стенание и сълзи, на мъки и тегла,
на изгубени мечти, за разбита свобода бездушни
твари на земята тирани – управници,
злорадни и жестоки егоисти и вий палачи,
формените кукли и чернокапци, търтеи народни
А вий, прост народ без разум,
робство що търпите, кой без жал безумно
един друг се бийте и над властта двулично
вий мълчите кат животни, в хомот.
О! Дай ми сили!
О! природо, народ, стихия на човешки глас,
Да мога да разбия на адския живот
безсмислено теглото.
Линкови во врска со Шејтанов: поезија | публицистика | фотографии
No related posts.


