Изјава за BBC
Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат пред се’ од сопствените интереси кои може но и не мора да се блиски до интересите на граѓаните на Македонија; второ, дека легитимна и суштинска политичка промена може да дојде само од внатре, и лошо би било ако тоа не е така; и трето, дека Македонија е премногу мала и незначајна во светот на меѓународните односи за некој сериозно да се преокупира со неа. Оттаму, средбите на Груевски со странците нема да донесат никаква промена на внатрешно-политички план.
[на темата сакав да споменам нешто и за колонијалниот менталитет и чекањето некој од странство да ги реши проблемите, но тоа за друг пат]
No related posts.


