А каде е камерата..
.. што го снима филмот? чисто за да и` мафнам..
сценарија али провидни
импровизација како последен крик на креативноста
но све паѓа у вода поради лошата глума
младост која не се цени
здравје кое се жртвува залудно
душа која не се храни туку продава
премногу театралност како компензација за комплексите
насмевки во знак на лицемерие
потсмев во знак на искреност
рефлектори место сонце
дом кој не е топол како порано
картони место ѕид
ѕид место кожа
зомбија – актери наместо луѓе
луѓе наместо реквизити
***
град студио
наместо живот живеам целулоид
слухови кои не смеат да бидат фактор
станаа одредница на мојот развој
Денес е денот кога светот може да иде у пичку матер. Време е и Ти да почнеш да го славиш овој празник.
No related posts.


