Ирак и медиумите

Пред некој ден се навршија четири години од започнувањето на Операцијата Iraqi Freedom, односно четири години откако војските на коалицијата претводена од САД и Британија влегоа во Ирак, прво со цел да го најдат Садам и оружјето за масовно уништување, а потоа и да помогнат во одржувањето на мирот и спроведувањето на реформите.

Самата војна во Ирак е актуелна тема, особено за Македонија, бидејќи и нашата земја е дел од коалицијата на САД и активно учествува со свои трупи таму.

Но, овој пост не е на тема околу самата војна или сл. Веќе многу пати до сега сум го изразил мојот став по тоа прашање – Ирак е окупиран, а Македонија е окупатор, чија војска не е пратена во согласност со волјата на граѓаните (бидејќи не само што изостана референдум, изостана и било каква дебата кога се одлучуваше за праќањето војници).

Ирак е сепак занимлив и од една друга страна – како ново поглавје во начинот на воено известување. Ирак е синхрон со подемот на citizen journalism, new media, blogging, YouTube, social software и сл. А медиумот, како таков, својот облик го добива токму за време на војна.

Затоа четиригодишнината од војната во Ирак ја користам да го линкнам мојот истражувачки есеј насловен како „Современото воено известување преку примерот на војната во Ирак“, пишуван пред околу 2 месеци.

Есејот содржи куса хронологија на самата војна во Ирак, осврт кон искуствата на американското воено известување во 20-тиот век и специфичната дуална природа на воено известување од Ирак. Пишуван е начелно за на факултет, но никогаш не дочека да биде валоризиран. Затоа, еве го вака.

Линк: Современото воено известување преку примерот на војната во Ирак [108KB pdf]

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment