Студентите немаат проблеми

Од денешниот протест на студентите пред Владата на Република Македонија може да се извлечат следниве заклучоци:

  • неисплатените стипендии им требаат само на триесетмина студенти
  • Владата може да си игра курташак сосем ЛЕГИТИМНО затоа што студентите и` го дозволуваат тоа
  • Владата нема никакво разбирање за проблемите на студентите, затоа што студентите очигледно немаат проблеми, бар не толку колку што се жалат и кукаат

„Ќе се обидат проблемот да го решат во понеделник, ако не се реши проблемот во понеделник, ќе бидеме во контакт со претставници од владата, ако не се реши проблемот студентите ќе бидат известени за нови протести, помасовни и порадикални“, изјави студент.

Порадикални протести може, ама да бидат не толку рано, ете може од два саат, за да се наспијат газињата, да продефилираат прво на кеј, за да не им биде набрзинка, пошто сонливи не можат да се натртат да ги ебат..
Инаку, што се тиче до моето учество на протестов, не е дека мене лично ми е дојден нож до коска па да се бунам за парите (ипак кој не сака џепарлак, башка сум заслужил, имам просек, сум исполнил услови); не е дека отидов во името на тие што немаат или сл. (иако факт е дека има многумина кои се во беда. колку и да сум солидарен, нека си зборат прво во нивно име, за поддршка после не е проблем); едноставно сметав дека е веќе редно за било каков issue да се јави студентаријата, да се загриза.. ако ова не е доволен мотив, не знам што е. Очигледно никому и не му треба таа стипендија. Пет месеци се доволно време за да се увиди тоа. Комотно нека ги укинат, никој нема да се буни.

No related posts.

RSS Feed for This Post9 Comment(s)

  1. ме | Mar 29, 2007 | Reply

    Еве ја како даночен обврзник се согласувам дека треба да се укине стипендијата.

  2. Н | Mar 29, 2007 | Reply

    ..Тоа дека сите знаат се, најпаметни се и се виша свест за се и сешто, а ништо конкретно не преземаат, не е ништо ново. Јас деновиве имам проблем со една друга идиотштина поврзана со сликањето за табло, што е сосема друга приказна, но во суштина се сведува на исто. Иронијата, бегството и игнорантноста се трите состојки за загарантиран регрес на една нација, а ние ги имаме и за извоз. Но, за волја на вистината, оваа акција помина крајно анонимно. 2 месеци наназад мрчам за стипендиите и кога конечно се појавила иницијатива, никој нема поим! Чија вина е тоа? Некој мислел дека е доволно веста да ја објави само во бифеата на економски, филолошки и правен..?? Е лошо мислел….

  3. darko156 | Mar 30, 2007 | Reply

    вистината боли

    ама џабе, ни тоа не менува ништо

  4. kotle | Mar 30, 2007 | Reply

    Паметам, кога бев дел од организација на протест против војната во Ирак и учеството на Македонија во таа акција… На протестот се гледаше како на нешто на што треба да се потсмеваат оние кои поминуваат покрај него….

    Од она што сум размислувал на тема протести во Македонија, сум заклучил две работи:

    Не постои соодветно политичко и општествено образование на просечниот граѓанин за: а) неговото место во процесот на донесување одлуки и за неговите права; б) следење на работите, имање ставови.

    Но тоа само по себе не е доволно за ова ниво на катастрофална ситуација, туку е надополнето со немање чувство за општественост, свест за тоа дека луѓето не постојат сами по себе и не живеат сами за себе. Со еден збор – солидарност.

    Така, на протестите против војна, никој не сфаќа дека се протестира „против војна“, против „убивање и уништување“, туку дека ние протестираме за некои „ирачани“ кои, веројатно живеат „богу иза леџа“.

    Така, ниеден студент не сфаќа дека ако не протестира за себе, протестира против себе, но и против другите, кои се нему слични (или различни – не е важно).

  5. волан | Mar 30, 2007 | Reply

    Окупирајте еден факултет и забарикадирајте се во знак на протест … совет од стар студентски активиста

  6. Daniel | Mar 31, 2007 | Reply

    A sto se slucuva sega. Za da se smiri gnevot na studentite, ministerot t.e. ministerstvoto na smetkite imaat perfrleno samo dve rati od potrebnite sest. Epa po ze izgled deka Ministerot saka da manipilira. Ama i mu se moze zar ima nekoj koj se sprotistavil na toa…?
    Za nas po se izgled studentskoto organiziranje e nepoznat poim

  7. --TheRebel-- | Mar 31, 2007 | Reply

    Целосна подршка за протестот, но… како може воопшто да се очекува подршка и излез на студентите, кога немаше никаква претходна кампања или известувања за протестот? Јас како студент, единствен материјал што го имав на располагење беше едно испрљно и полу-скинато флаерче, залепено со мастика на влезната врато од филозофски, со слика на Че- Гевара која го зазимаше поголемиот дел од просторот, а каква врска има Че со стипендиите, е прашање за понатамошно размислување(Можда он устфари затоа се бунтувал и целата револуција во Куба, зато била, за стипендии :) )и како може некој, после да очекува дека јас тоа ќе го сфатам сериозно, или пак ќе отидам на протестот?
    Доколку се организира протест, барем нека се организира како Што треба. Примерот со МоФ, колку и да е котроверзен и покрај се, барем покажа некој траги и знаци на добра организација, за разлика од овој…
    Студентите се сила, односно имаат потенцијал да бидат сила. Во контектс на ова ќе дадам цитат од V for Vendetta: “People should not be afraid of their governments. Governments should be afraid of their people”
    Токму студентите можат, а и требат да бидат тие кои би ја воделе новата “револуција“, или, во најмала рака би биле иницијатори на промени.
    Но проблемот е во тоа што треба да бидат свесни…
    А во нашиов случај, повеќето од нив, воопшто и не се свесни за ништо, освен својот нос и својот мев…
    И така :)

  8. bunteski | Apr 1, 2007 | Reply

    ма шајма да се малтретиса, да затуцува пред влада, мама ја добила ка-петнаес.
    пиздици…

  9. шлајфка | Apr 9, 2007 | Reply

    Па тоа што не успеале и не е ништо ново…сите протести на македон ските студенти колку и да биле масовни или не, завршуваат неуспешно и без исход…и јас бев во првите редови кога се протестираше против тетовскиот универзитет, па го јадев стапот на факултет 3 професори ме туркаа година дена со една иста реченица ккако изговор (сега ќе видиш ти како се протестира… )масовноста на протестите кај нас не зависи од заинтересираноста или заинтригираноста на студентите (такво нешто нема) туку опд тоа колку пријателчиња има органиозаторот, и дотолку повеќе која партија стои зад него.
    така да, ништо ново за изненадување.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment