Алкохол(изм)от е болест

Оние што лично ме знаат, сигурно се изненадени од насловот и воопшто содржината на овој текст, бидејќи јас сум човек кој што во принцип пие(ше) многу алкохол и делумно тоа го дефинираше мојот лафстајл.

Нормално, како и секој пубертетлија, почнав да пијам чисто за забава и луд провод; за потоа да не можам да си замислам дека е возможно да се помине добра вечер ако не си здрвен. Потоа, ми прејде во навика – немаше ден без 5-6 пијачки, ниту утринско будење без пиење вода. Но, бидејќи си имав претходно нарушена здравствена состојба, веќе на 17 години ги искусив првите прилично сериозни здравствени проблеми предизвикани од алкохолот, и сфатив дека е дојдено крајно време да се доведам во ред. 15ина месеци бев таман, колку што можев намалив, за потоа пак да си се вратам на бокалчиња наместо чашки и литри наместо флаши. Проблемите со здравјето еве ги денес назад, малку покомпликувани и позагрижувачки, но тоа е мој проблем кој сметам дека сум доволно способен да го решам еднаш засекогаш.
Ова сепак не е некој тривијален пост или раскажување на личното искуство. Малата интимна исповед само ја користам како вовед во една тема која што станува се` поактуелна низ светот а и регионот, но за жал само кај нас никој не ја третира.

Вчера, во српскиот „Блиц“, темата на денот беше Tinejdžeri a već alkoholičari; статија која што комотно може да се стави во контекст на состојбите со младината во Македонија. Би сакал да пренесам неколку цитати:

Da bi se opustila i dobro provela, Beograđanka Sanja S. (17) je petkom i subotom sa drugaricama redovno pila alkohol. Iz vikenda u vikend, eksperimentisale su sa novim pićima – kokteli, vino, pivo…, a broj ispijenih čaša za jedno veče lagano je rastao. Na žurci jednog od poznanika, Sanja je odlučila da pređe na nešto žešće. Devet ispijenih votki u rekordnom roku i želja za zabavom zauvek su promenili njen život. Dva mladića su te noći silovala pijanu Sanju, a da to niko nije ni primetio. Obamrla od alkohola nije uspela da dovoljno glasno zove u pomoć, a nemilog događaja seća se samo kroz maglu. [...]

[...] dostupnost alkohola, visoka tolerancija okruženja, reklamiranje pića, niske cene, običaji i navike našeg naroda i nepoznavanja suštine bolesti alkoholizma, učinili su alkohol „najopasnijom drogom za decu u Srbiji“. [...]

[...] – Trinaestogodišnjem dečaku iz Niša prošle godine jedva smo život spasili. Došao je na matursku ekskurziju u Beograd, pio sa drugovima, mešali su sve i svašta i to u velikim količinama, a njegov organizam naprosto nije bio istreniran… Kod nas ga je u komi doneo od brige već na pola lud razredni – sećaju se lekari [...]

Но, ова не е проблем само на Србија, Македонија или и другите земји. Младите и старите и машките и женските, од секогаш пиеле и ќе пијат и тоа така ќе си остане. Повеќе или помалку, дали на Балканот или во Скандинавија, започнувајќи на пониска или повисока возраст, се` се тоа можеби и залудни компарации затоа што во овој случај правила не постојат. Алкохолизмот и склоноста кон бегање кон пороци всушност е одраз на останатите општествени сфери и фрустрации (од пондебје до пондебје различни, дури и контрадикторни). Она што е потребно за да се променат нештата е радикално преиспитување на свеста, првенствено кај возрасните, затоа што алкохолизмот не претставува опасност од нарушување на моралниот кодекс на општеството, алкохолизмот претставува болест во буквална смисла на зборот. Еве и неколку причини за тоа:
1. Алкохолот е непобитно штетен по човечкиот организам. Многу повеќе од тоа што се знае и мисли. Неодамна, на БиБиСи излезе една вест за тоа како група научници бараат редефинирање на статусот на дрогите. Eве и табеларен приказ на штетноста на дрогите според нивното истражување правено за Британската влада:

2. Прекумерното пиење алкохол ги трга кочниците, односно влијае на постапките, по некогаш катастрофално. Некои велат дека се губат под дејство на алкохол и прават работи што не сакаат; јас велам дека алкохолот само им ја олеснува совеста и ги доведува до работ на сопствените можности. Алкохолот е убедливо водечки rape drug, главен изговор за најголемиот број прељуби, најчеста причина за сообраќајни несреќи, тепачки и лични пресметки без врска, бизарни инциденти (ќор пијан паднал од тераса и сл.), губење работа, семејно насилство, а на крај краева и за распаѓање на семејства, банкротирање и сл.

3. Прекумерното пиење алкохол, кај младите, доведува до тектонско потресување на нивната свест и начинот на живеење и ги прави униформни зомбија и го убива секој изблик на индивидуализам или прогресивност. Револуцијата, бар во Скопје, е удавена во пиво. Ниту еден прогресивен млад човек, или со било какви прогресивни тенденции, не сака да се соочи реалноста и кукавички бега во пороци. Не е кул и не храбро ако се направиш летва и повратиш и се изглупираш, не, тоа не е револуција. Тоа е краен ескапизам. Пивото у парк, коњакот во фенси дискотека, ракијата во кафана, виното на роденден, се` е тоа поразително, пораз до пораз, тотално дно, затоа што сопствениот бунт и сопствениот разум ги залеваш во течност, затоа што свеста ја заменуваш со таман-ми-е-подзамижувам-ми-горат-образи-се-топам-врв-на-задоволството, затоа што љубовта ја заменуваш со г`зови и цицки, другарството со прегратка со некој рандом лик до тебе со кој заедничко ти е само нивото на алкохол у крвта, затоа што суровата реалност и проблемите кои те чекаат да ги решиш ги одлагаш за кога ќе се отрезниш, а тогаш ќе те боли глава доволно за да не преземеш ништо. На крајот, животот ти се сведува на викенд-за-викенд, пијанство-за-пијанство.. Девојки кои не се сеќаваат на првиот секс затоа што биле во полусвесна-полуповратена состојба, момци кои не се сеќаваат дали ставиле кондом и дали свршиле внатре, деца од основно училиште кои не се сеќаваат од каде им се пукнати аркадите или носевите.. И што? Тоа се лудостите кои ќе ги паметиш? Тоа ќе бидат годините за кои ќе жалиш? Кога со исцеден џигер, нарушен крвоток и дете кое не си ни сигурен дека ти си го направил, ќе бидеш „изживеан“ и човек кој видел се`, ама со затворени очи.

Како сето тоа да се сузбие? Лесно е да се каже „пијте, ама со мерка“. Лесно е да се каже „да се спроведува законот со кој се забранува точење и продажба на алкохол на малолетници“. Лесно е да се каже „веронаука“. Но, ова е проблем кој бара сериозна дискусија, сериозен третман од безусловно СИТЕ членови на заедницата. Бара солидарност – не да пиеш ако друштвото пие, туку да му ја тргнеш чашката на оној што е веќе расклатен и со закрвени очи. Овој проблем бара да се заборави профитот на кафаните на сметка на општото добро, да се повлече линија, да се укаже јасно и гласно дека проблем постои, дека ситуацијата е дојдена до тој степен младите да се обезличени, ДЕХУМАНИЗИРАНИ, дека без алкохол не се способни да си поминат убаво, дека без алкохол не се способни да уживаат во животот, да си најдат љубов или страст, дека наместо прегратка од родителот бараат прегратка со шишето затоа што тоа повеќе ги разбира. Можеби морализирам, можеби истрескав еден тон неповрзани глупости, но сметам дека крајно време е да се покрене дебата на оваа тема, затоа што ги засега буквално сите.

За крај, ви ја препорачувам галеријата на ЕдБастерс на тема алкохолизам.

No related posts.

RSS Feed for This Post27 Comment(s)

  1. bunteski | Apr 10, 2007 | Reply

    фала за ова друже.
    искрено.

  2. Алекс Букарски | Apr 10, 2007 | Reply

    океј е ова. но, наспроти опцијата алкохол која друга опција ја нудиш пример? марихуаната? баш ме интересира дали “порасна“ и по тоа прашање.

  3. Алекс Букарски | Apr 10, 2007 | Reply

    или и ова е во контекст на филозофијата на Жаре Зомби да речеме. “алкохолот е лош, хајде да се дрогирамо“. изјасни се Вуно, зошто пишуваше ангажирани текстови за легализација/декриминализација = популаризирање на лесните дроги. живо ме интересира дали сметаш дека подеднаква опасност за малолетниците би била “надуваноста“ и имање на секс без сеќавање на истиот =)

  4. Бунка | Apr 10, 2007 | Reply

    Исто срање, алкохол&дрога, и двете имаат гадни нус-појави, дури и кога се конзумира викендашки.

  5. dr. Max | Apr 10, 2007 | Reply

    Но, сега трипот е да се конзумираат во исто време. Ем дрога, ем алкохол. Со самото легализирање на лесните дроги се отвара рампата на автопатот кон се потешките, кои не се легални, но сепак достапни, откако ќе го ограбиш маркетот во твојата улица или ќе украдеш некое ланче од дома. Го разбирам алкохолот како чашка вино за циркулација, лименка-две пиво со друштво додека македонија вечито губи во фудбал, чашка виски со многу лед за да се курчиш во кафулето, но за пијанчења се додека свеста не те напушти и се разбудиш на токсикологија (ако се разбудиш) со цревце кое завршува во твојата вена..!? Тоа никако не можам да го разберам…

  6. Shepard | Apr 10, 2007 | Reply

    букарски,
    сеуште сум за депенализација, декриминализација и легализација за лесните дроги. но не повикувам „ајде да се дрогираме“. ставот по употребата на грас, ексери и сл. е ист како и за алкохолот. иако горе-доле ефектите се други, последиците се слични. општо, секој отров е отров.

    кога јас би се прашувал, употребата на алкохол и тутун и лесни дроги би ја регулирал со иста мерка – достапна за секого со навршени 18 години, со тоа што би сносел одговорност за секаква последица и дело извршено под дејство на било која супстанца (океј, под дејство на тутун може само да кашла).

  7. Nenad | Apr 10, 2007 | Reply

    интересно…секако дека е болест,но да не заборавиме дека поединецот пие алкохол не дека сака,туку дека дрштвото тоа му го наметнува.Колку пати си се фатил во ситуација да пиеш нешто што не ти се пие? Колку? Кој е крив за тоа?
    И плус,тука е и храната…која е макс мрсна и калорична…да не бидам сега како некој социолог но,цела суштина на нашата „агресивност и будалаштина е во месото и алкохолот што не ни се пие,а друштвото ни го наметнува”.Немаме никаков Лајф Стајл,и секогаш се правиме паметни за се.Уште сме племе,и треба да созрееме.Фала,пријатно.

  8. ме | Apr 10, 2007 | Reply

    „секој отров е отров“

    Што збориш бе??? Марихуаната е далеку помалку токсична од алкохолот, а дури има и позитивни ефекти кои малку супстанци ги имаат. Најстрашно е што истражувањето на ефектите се тотално стигматизирани од неколку глупи институции.

    „(океј, под дејство на тутун може само да кашла)“

    под дејство на недостаток од никотин, може да прави многу глупости … понекогаш сфаќам дека ако сум гладен или ми се моча возам многу помалку концентрирано… а никотинот има многу појако дејство.

  9. dr. Max | Apr 10, 2007 | Reply

    ме – марихуана и позитивни ефекти? Те молам.
    Шеп – под дејство на тутун може и смртно да се кашла :)

  10. Сатаниел | Apr 11, 2007 | Reply

    Кога „анархистите„ ќе почнат да зборат за општото добро, обезличена, дехуманизирана младина и морален кодекс, нешто смрди во државава (Маке)Данска. Навистина, младинава е во длабока морална криза – сите се фатиле алкохолот да го ќудат. :)
    Имајќи го предвид и искуството на Шепард како алкохоликус ноториус, сепак треба да се прави разлика меѓу штетноста на алкохолот и штетноста на алкохолизмот. Првото не постои, второто – да.
    Вистинските одговори народот секогаш ги има, само што не знаеме да ги препознаеме. Ја знаете ли песната „Пиј зете пиј, да се веселиш„ или во колку наши песни се спомнува „рујно, вино црвено„. Во фолклорот алкохолот /виното се речиси секогаш споменувани во позитивна конотација. И Дионис на Ниче не за џабе бил бог на виното. Виното за диониското во нас е како водата, му треба оти инаку ќе умре.
    Не мислам дека имаме голем проблем со алкохолизмот меѓу младите, имаме проблем со алкохолизмот меѓу големите. Маливе со џепарлак од 100 денари не можат да си ја финансираат алкохоличарската кариера (ете една добра работа од немаштијата). Големите со плата од 10,000 сепак можат.
    Едно натрскување до бесвест не е ништо страшно, лошо е ако стане навика. Лошо е ако ти веќе немаш контрола над алкохолот, туку тој над тебе. Ако губиш свест, не се сеќаваш што правиш и ако тоа се случува редовно.
    Инаку алкохолот е една од најдобрите работи низ вековите. Колку само ружни девојки и срамежливи момци има спасено од вечна девственост, колку задоволство пружил на забави, колку полудо се плешало уз некоја чашка. Алкохолот ослободува, алкохолизмот заробува.
    Алкхоличар не си ако секоја недела во парк празниш едно шише вино, или ако од секоја забава се враќаш дома клатејќи се. Алкохолот можеби е бегство од проблемите, но Ајнштајн рекол паметниот и ги избегнува проблемите. Ако имаш проблеми 7/7 дена во неделата, богами еден ден бегство е повеќе од добредојден. Решавај си ги проблемите во другите шест. Од искуство велам, дебилите со закржлавена индивидуалност кои најчесто ги гледаме дека се пијанчат, ќе си бидат дебили со закржлавена индивидуалност и кога не би се пијанчеле. Дебилизмот не го црпат они од Кавадарката, ниту пак ќе фатат нешто да читаат книги или да сликаат со пастел ако немаат Кавадарка.
    Немој само за како „љубовта сме ја заменувале со г‘зови и цицки„, како „поглаварот„ за Велигден да го слушам, а со што да ја замениме, (еростската) љубов и само тоа препознава како свој фокусирачки објект (евентуално курови и г‘зови, во посебни случаи ;) ). Алкохолот нас не плаши само затоа што ја открива таа вистина. Другарствата може само да се јакнат со прегратки. А проблемите како што кажа те чекаат да ги решиш кога ќе се отрезниш, и тогаш и треба да ги решиш. И остај со силувањето и насилството како проблеми да се справиме одделно, нема потреба да ги поврзуваш со алкохолот. Оние луѓе јас што ги знам што на трезно не би се тепале или силувале, не го прават тоа ниту кога се пијани.
    Ај живели!

  11. Shepard | Apr 11, 2007 | Reply

    сатаниел, не се слагам ич, све си пише во постот.

  12. Shepard | Apr 11, 2007 | Reply

    иначе, може не бев доволно јасен у постот, јас никаде не реков изричито „не“ за алкохолот. уствари јасно е за што пишав, па сеа кој како си го толкува.

  13. tv-set on blue | Apr 11, 2007 | Reply

    ова ферманот ти Грујо по школи на чителација ќе фати да го праќа ,понеделнички на класен од сабајле при што младите ќе го проследуваат стоечки&мамурно.

    Ж’та е самосвест, ako не е до бесвест!

    п.с немој да те видам на темава во Чуму со blur на фаца и искуствени исповеди :)

  14. ме | Apr 11, 2007 | Reply

    dr Max, истражи малку на интернет и ќе видиш дека во ретките истражувања што ги правеле научници со марихуана/канабис покажала неверојатни лековити својства. Неверојатни со оглед на стигматизирањето на марихуаната.

    на пр. New Study Explains How Pot Kills Cancer Cells
    http://www.sierratimes.com/03/11/07/article_kubby.htm

  15. Алекс Букарски | Apr 11, 2007 | Reply

    кога ќе се случи нешто лошо – пијам за да заборавам.
    кога ќе се случи нешто добро – пијам за да прославам.
    кога нема ништо да се случи – пијам за да се случи нешто.

    Ч.Б.

    или што би рекол Муфлата ТЕНОР Втори да парафразирам “море Вуна, колку што ти имаш испиено јас толку не можам да препливам!“

  16. Shepard | Apr 11, 2007 | Reply

    точно е за ефектите на грас, за медицинска употреба и за помала штетност од тутунот и алкохолот.

    ама муабетот е друг – прекумерната употреба на грас те прави благо кажано мрзоволен, уствари утепан и глуп. све со мера.

    некад и ја мислев дека ова се „старски“ муабети и сл., ама не се.

  17. oksimoron | Apr 11, 2007 | Reply

    Отрезнувачки пост :)
    Употребата на алкохол во умерени количини можеби придонесува до реласирано расположение, но „умереноста“ е слаба карика која лесно попушта и тоа „релаксирано расположение“ станува нешто сосем друго.
    Браво за постов Анастас! ;)

  18. dasaf | Apr 11, 2007 | Reply

    постот е одличен и целосно ми е јасно шо сака шеп да каже. а јасни ми се и неколкуте шо се побунија. контрастот се јавува затоа што тие што се спротивставија никогаш не излегле навечер во набљудувачка мисија: зима, температура -6, кафичот фул, играње, пиење, пеење, пиење. сите камења. излегуваат пар девојчиња (13-18год.) да видат какво е расположението во соседниот кафич, облечени се мање више на долна облека. и така се прошетуваат едно 10тина минути низ градот!?!? кај шо се пијани камења, па и така „голи“ шетаат на споменатите -6.
    практично си создаваат серија од негативни ефекти како шо манчестер и дава голови на рома :)
    и утре ќе расправаат дека тоа се случило само таа вечер оти било роденден, именден, нова година, мај и сл… и секоја недела има роденден, именден, нова година, мај итн итн… а после дузина недели почнува фазата – не пијам веќе, исто е ефикасна како и диетите на возрасните тетки (од понеделник не јадам)…
    знам дека е поинтересно ако се напиеш, дека е полесно да се удвараш, дека полесно играш, ама тоа да го правиш на 15-16 години секој викенд!?!? ич да не е, има проблем…

  19. dr. Max | Apr 11, 2007 | Reply

    ме, дувај си, дувај си. :)

  20. tha Ca$peR | Apr 15, 2007 | Reply

    Пер, вчера не испи ни едно пиво? баш те видов 3-4 пути не држеше скопско, а минатиот пат не го пушти од рака… се откажуеш полека а? :)

  21. Shepard | Apr 15, 2007 | Reply

    месец дена сум без капка. океј, не без капка ама скроз на минимум.

  22. Karakash | Apr 16, 2007 | Reply

    Ми текнува кога овие муабети ти беа “старски работи“, а тоа не беше толку одамна:)

  23. кибицер | Apr 16, 2007 | Reply

    Ќотекот е излезен од рајот :) )))
    Само дедо Амфилохије е за тебе :) )))

    поздрав.

  24. Sale | Apr 18, 2007 | Reply

    Најтрагично, е шо многумина од нас, го знаат сето ова шо си го пишал, и го потиснуваат.

  25. Младен | Dec 24, 2009 | Reply

    Neka ni e za um ova na site. Pozdrav i fala sto go stavi ova..

  26. Генерал Митре | Jun 13, 2010 | Reply

    Ми се допадна твојава статија и сакам да те прашам дали е ок да ја објавам на мојава веб страница која се занимава со информации за алкохолот и проблемите околу него.. http://alkomak.comexa.com.
    pozdrav

  27. Shepard | Jun 13, 2010 | Reply

    sekako

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment