„300“ е нацистичка пропаганда

300“ е све, само не историски филм.

Битката кај Термопилите е легендарна, one of a kind во целата пишана историја, и се` со ред, ама „300“ најмалку од се` е филм за таа битка. Анимиран филм, адаптација на стрип, ете да речеме чисто колење, ама пошто е апсолутен хит по кината ширум светот, мора да се земе у предвид приказната и пораката која ја носи. Јас не го толкувам како филм „против Иран“, нити се напрегам со авторските права за „Зајди, зајди“ (го глеав пират, неам образ), туку ќе пишам како јас го доживеав (и кој не го глеал нека не чита пошто ќе му напраам СПОЈЛЕР):

  • на добрите Спартанци (добри ко Рамбо, Терминатор, Ван Дам у Кикбоксер, Брус Вилис у Умри Машки, онака непоколебливо добри) им се заканува најкрволочната армија на свет, наоружана до заби, со цел да го пороби целиот полис, да ги колат, силуваат, мачат и исцедат до последната капка
  • Спартанците се добри затоа што си ја сакаат Спарта, затоа што се лојални, не потклекнуваат пред напаста, храбри, дали реков мажествени со извајани ариевски тела, затоа што си ги почитуваат жените затоа што они се МАЈКИ и РАЃААТ ХРАБРИ ВОЈНИЦИ, затоа што децата ги воспитуваат да не искажуваат емоции затоа што тоа ги прави посилни и им овозможува да се фокусираат на врхунската цел – одбрана на нивното
  • сето тоа со добрите Спартанци насликано у темни пастелни бои у кои доминираат црвени наметки и такви некои ствари орнаменти симболики, па тоа фасцинација од човековата совршеност, култ малтене, башка антички идеали, империјалност, туркање до границата на можното 300 надлуѓе сотираат цела армија говеда, верба, единство, еден народ, еден водач, народот никад нема да биде поробен и тоа така суптилно изрежирано абе те тера да се унесеш да искочиш и ти да посакаш у бој да идеш уауууу да колеме тоа е така доблесно и тоа е начинот на кој живееме, касапница, ѕидови од лешеви, суровост, тејк ноу хостиџис, мамката нивна персијска па и Персијанците тука митологии животињи лоши црнци банту со намрштени погледи и компјутерски обработени гласови вика „ќе ви ги ебеме жените“ абе крај, сонцето се скри под стрелите нивни тоа епика ама напраено така да те унесе, пропаганда тотална, го глеаш царо и викаш матер тибам окупаторска!
  • одма тука набивање комплекс на грдите и слабите, и со утепувањето на неспособните бебиња, и згора на се` уметнувањето на грбавиот грозен протеран лик, кој на крајот таков грбав искомплексиран подлегнуе на еротики чочеци (и тука имаше наци у шаторите кај царо), и пошто е наказа автоматски станува издаица и тотално ги појебуе „нашите“ гррррр маме му ебем грдо знаев дека грдите се лоши ние сме сите така убави ССовци сите лични на мајка родилка со штитот шо не праќа е не ќе се заебааме ова традиција, така било и така ќе биде, извици, салутирање, потсмев према секој шо не е како нас, пошто ние сме Спартанци, а со Спартанци нема заебанција
  • и сето тоа би било океј да биде ставено во некој историски, документарен контекст, да биде реално прикажано, ама ова тука емоции, страст, напнатост, драматика до последен момент, па гладијатор финти со мечтите на јунакот, па онда „лошите“ поткупуваат, им илеџат, ама ете Леонида покља све матер им еба исто ко и вукот шо го уби во кочан ладната зимска ноќ.. и умре храбро, уствари не умре, него дочека слава му напраија чест ко шо цел живот сањал, за да докаже дека све е можно коа се ариевци у питање за после година дена едноокиот да им ја раскаже причата и сите да тропнат во штитовите и да разбијат персиску војску покварену

Ако не сте го глеале, глејте го, за филмов осеќам дека допрва веќе се збори. Еве линк, еве и ушеден.

No related posts.

RSS Feed for This Post15 Comment(s)

  1. --TheRebel-- | Apr 11, 2007 | Reply

    Убо на некој да му текне! Најжешкиот геј филм на сите времиња ;) После Роки, Чак Норис и Терминатор се разбира…

  2. Shepard | Apr 11, 2007 | Reply

    абе добро, војска у принцип е геј, ама тоа нема врска.

    мене ми е апла наци, не знам, онака манипулативно напраен, бррррр.

  3. Развигор | Apr 11, 2007 | Reply

    Еве и некои мои ставови на темава. Мислам дека смееш да зборуваш за прашањето на плагијатот, иако си користел пиратска копија. Оти, ти не си рекол дека тој филм е мејд бај Вуна.

  4. --TheRebel-- | Apr 11, 2007 | Reply

    “абе добро, војска у принцип е геј, ама тоа нема врска.

    мене ми е апла наци, не знам, онака манипулативно напраен, бррррр.“

    Да но размисли, токму во тоа е и целата поента. Пази филмот е апла нео- кнзеративна (нео наци) пропаганда и тоа треба да ни биде јасно на сите.
    Ама токму тоа е смешната работа…
    Зошто ?
    Бидејки, моќната, бела, конзерватина, републикансака, христијано фундаменталистичка Америка за свои херои зима 300 испотени, голи мукулести мажи, да ја бранат националната чест и “слобода“, на чело со кралот Леонидас ( Буш) кој се разбира е нај гол и нај мускулест.
    Битно е да се знае дека во реалноста, истите тие голи Спартанци, сакале млади момчиња повеќе од што е потребно и здраво (hint, hint ;) ), а кога немало доволно млади момчиња, практикувале и меѓусебна размена на флуиди. ;)
    Затоа, се наметнува асоцијацијата, а и нужно се поставува прашањето,
    дали во суштина, Америка а и целата конзервативана, про христијанско- националистичка агенда, не е сочинета од латентни, репресирани хомосексулци кои, своите фрустрации ги лечат на целиот свет?
    Ако го земемеме во предвид и митскиот статус кој Ван Дам, Рамбо, Шварци и Чак го поседуваат( уште голи мѕскулести мажи) ова само се потврдува.
    Не ме сфаќај погрешно немам ништо против хомосексулците, ни имам против луѓето кои своите апсурдни комплекси ги лечат на целиот свет…
    Само една теорија ;)

  5. Shepard | Apr 11, 2007 | Reply

    па добро, таа теорија важи и за третиот рајх, не викам не. онака хитлер југенд па СС-овци, јаки мушкарци прототипови она совршен човек она става, јачина, смелост.. баш во еден од посочените линкови се збори за „розевата свастика“ и потиснатите склоности и комплекси на голем дел од наци-елитата, тоа ти што го кажа уствари. и пак ќе излезе онаа на сатаниел, дека најтврдокорните хомофоби највише ги чеша газето али тоа е друга тема.
    а има и еден конспиративен муабет кој вика дека некои од првите порно филмови биле снимани во бунгаловите каде што СС-овците иделе на „испуцавање“ баш со таквите јадри руси германки, издашни хелги, во обид да направат уште поариевски поколенија :) онака, замисли наслов на серијал „водете љубов како гестапо“.

  6. Shepard | Apr 12, 2007 | Reply

    добро, СС и гестапо не иде, али касно е, се простуе.

  7. Briner | Apr 12, 2007 | Reply

    Од каде бе коментариве за неисториски геј филм, за нацистичка пропаганда, споредба со Чак Норис, Рамбо и Ван Дам или уште пострашно споредбата со актуелната америчка политика????
    Дај му на човек тема за критика и отиде све у ку*ац. Ке почне да пишува и за тоа што треба и не треба.

    Филмов е екранизација на стрип, што значи ако по нешто се плука, треба тоа да биде стрипот на Френк Милер. А тој стрип пак е базиран на историски настан али прикажан со слики онака како што авторот си го замислил. По вашиве коментари треба да заклучиме дека Френк Милер е новиот лидер на неонацистичкото движење во светот. Дај да земеме сите стрипови да ги анализираме така, ке испадне сите стрип цртачи се членови на некоја секта, култ или политичко движење.

    Друго, од каде бе геј коментариве? Ај некој нека каже еден геј момент од филмот, освен голите тела на Спартанците (кои така и изгледале на времето). Можда грците се познати низ историјата по своите педерски склоности, али тој историски факт ама баш нигде не се гледа у филмов, баш напротив, со една реплика дури се оградуваат од таквите екцеси припишувајки им ги на атињаните.

    Трето, што не е точно историски гледано у филмот?
    Не биле спартанците разбацани воини, неустрашиви и од мали обучувани за војна?
    Не ги фрлале децата уште од бебиња ако мислеле дека се слаби и неспособни за војска?
    Не се случила биткава со баш 300 спартански воини (плус останати грчки) против Персија?

    Што има лошо во драматика, емоции, страст и слично у филм. На што ке личи филмот ако ги нема, не е ова документарец. Кажете еден добар филм што ги нема сите горенаведени.

    И на крај, не можеш да користиш историски настани за да објасниш нечија денешна политика. Можеш да најдеш корени во нечие дејство сегашно во нешто што се случило порано. Што значи Хитлер, Буш и било кој друг од скорешно време може да влечат инспирација од нешто што се случило пред двеилјади и кусур години, а не обратно.

    Се наку*чив од коментариве. Волку не сум пишувал којзнае од кога.

  8. --TheRebel-- | Apr 12, 2007 | Reply

    Човек, види вака, уметност, естетика, израз тое си е се во ред и повеке од тоа и никој не вика дека нешто не е во ред со стрипот или уметничкото изразување, или начинот на кој филмот е направен. та за што се приговара е позадинската порака што ја носи и неговата вистинска намена.
    Само Ззапрашај се, дали е случајно и дали нема никакво значење тоа што филмот е направен направен баш сега? Дали нема ништо случајно во фразите од типот на тоа борба за слобода, националност?
    Дали нема симболика во тоа што првото прикажување на филмот беше токму во Иран? ;)
    Дали нема ништо случајно во описот на Пресијците, кои Офчарот многу убаво го долови?
    Дали мислиш дека на конзервативна Америка токму во моментот не им е потребен ваков филм и конечно дали мислиш дека кога младите наивни Американци ќе го гледаат филмот, на многумина од нив реакцијата нема да им биде да отидат и да се зачленат за следниот брод кон ирак, за да се борат со лошите ирачани(персијци)?
    А геј коментарот беше само уште едно гледање на работата, во контекст на тоа што во најмала рака е смешно, а сигурно е иронинични и парадоксално, што истата “цивилизација“ (Америка) која ги промовира слоганите од типот “God hates fags“ и слични, за свои херои зема група педофили и бисексулци (Спартанците) и разбацени испотени мажи како Ван дам и сл.
    тоа :)

  9. Shepard | Apr 12, 2007 | Reply

    море бринер,
    1. стрипот ко стрип е само слики и текст. филмот, пак, дава многу повеќе можности за манипулација со историските настани. филмот е тој што има потсвесно делување, те интегрира у дејството буквално.

    а на крај краева таквата уметност (култ према човекот, надчовекот разбацан кој куршум не го бие и темни бои со акцент на црвено) е типична за нацизмот, исто како и повикувањето на антиката.
    2. геј не-геј коментарите беше сасвим офтопик, а ребел убаво објасни.

    3. за историското: па во филмот на крај не преовладува историската прича, битката, она документаристичкото – туку напротив, се добива впечаток како причата е ставена во сосема друг контекст, како стварта не е завршена, гледачот буквално е involved – да е фикција не е; се сервира како да е тоа реалноста, како тоа дека НА ЛОШИТЕ ТАКА ИМ ТРЕБА МАМКАТА ОКУПАТОРСКА, МАКАР СИТЕ БИ ИЗГИНАЛЕ! на крај краева уметноста не може да биде добра ако не е ангажирана – а како е ангажиран „300“? која е пораката? сигурно не го суди насилството и варваството и сигурно не го претставува спартанскиот наци милитаризам како апсурд.

    4. за аналогијата: западниот поредок е граден на основа на демократијата, на темелот од антиката (грција и рим). ова е недвосмислена порака – ако до сега проблемите се решаваа „атински“ – со политички мерки, а рака на срце и чат пат со „мелоски дијалози“, сега на сцена доаѓаат спартанците кои ќе се борат против злото. а злото е персија, ориентот, напаста од исток, орди кои доаѓаат да поебат све и да го наметнат нивниот репресивен режим. значи, ако ние ги убиваме децата, у право сме. значи, токму тоа – неоконзервативците во САД (кои се денешниот хегемон) денес влечат инспирација од СПАРТА, а филмот јасно покажува што всушност спарта е.

  10. Briner | Apr 12, 2007 | Reply

    Мозеби позадината е таква, а мозеби не.
    Можеби филмот добил толкав буџет затоа што некој во него видел можност да пренесе порака важна за американската надворешна политика во моментов… а можеби и не. Можда виделе само можност добро да се заработи на уште една добра филмска обработка на стрип, по искуството на Sin City.
    Али пошто ништо од ова не е експлицитно кажано ниту покажано, туку се работи за ваше/мое лично толкување, кажете ми дали ке мислевте исто ако се работеше за француска наместо за америчка продукција? Не. Што значи истата приказна, кажана на ист начин само од различен раскажувач, добива различна оценка.

    Значи вие не го оценувате делото, туку авторот.

    Ја лично се израдував што конечно потрошив 2 саати на филм кој не ме натера да повратам на крајот.

  11. кирил | Apr 12, 2007 | Reply

    Филмот не е историски, и нема што да бараш историски контекст. Филмот е фикција, инспирана од историски приказни, а може и не, може само е вклопена низ историски ликови.
    Делот со пропагандата – кој филм не е пропаганда на ваков или таков начин? Кое авторско дело не е подлегнато на лични стереотипи и гелдање на работите? Зошто за гладијатор и сл., не се креваат вакви џеви? Површен анти-западњизам или што ти јас знам.
    Тоа па со песната… ми потече. Нема плагијат се дур не се докаже дека е. И македонштината се кренала, небаре автори се тие. Сариевски е автор, и додека не промрче неговата фамилија, никој не смее да се кити со туѓи перја. Бре бре, прво незнаеа деак песната не е народна – ал глас оволкав од загриженост – само да се глуми патриотизам – или лудило? Опасно.
    Геј нема ништо во филмот. Ако вам стомаците од пиво ви се големи, и се чуствувате депресивно кога ги гледате е ваш проблем – смалете пиовото :) ))
    Мене филмот ми е глуп како филм, како што ми се сите од истиот жанр, дека не го љубам … ама ваквите квази (ај историја да расправаме) коментари ми се што знам… ојте купете си енциклопедија за тоа, не филм.

  12. Развигор | Apr 12, 2007 | Reply

    Ако нешто ми е без врска, тоа е кога ќе прочитам или чујам како една личност им кажува на други што всушност тие мислат. И од тоа вади заклучок што ја потврдува неговата теза.

  13. 300 наци глупости | Apr 13, 2007 | Reply

    Хе, хе, хе, ликови што себе се нарекуваат Македонци нашле да зборат за Спартанци… :-) )))
    Македонците не биле ништо помалку „Спартанци“ од Спартанците, според Херодот и двете племиња припаѓале на Дорците, односно биле дорски. Дорците, за разлика од педерчињата и философите Јонци (Атињани и останати Хелени), биле воинствени племиња.
    Ако „300“ е наци филм, тоа е само продолжение на „Александар“ – истата приказна; лошите Персијанци од истокот и ние блонди Ариевците што мама ебаваме кај стигнеме… Да ве потсетам, „оправданието“ на Александар за воена интервенција против Персија е одмазда за персиската инвазија војна делумно опишана во „300“. Во тој филм Буш беше Александар. А нас ни го признава името, нели… Па сега видете на чија страна сме ние, нели, „Македонците“… Единствено што Македонците си го начукуеле меѓу себе у слободно време (а тоа го прават и денешниве лузери што тврдат дека се нивни потомци), а за Спартанците сеуште нема докази (релјефи на вазни). Вазните инаку стварно се со свастики – стар индоевропски (ариевски) симбол, го има и на Плаошник.

  14. ribaro | Apr 14, 2007 | Reply

    Oдамна престанав да гледам на филмовите, а и на другите уметнички дела
    дека носат некаква „ангажирана“ порака. Не велам дека некои не се тоа, но и покрај силните компарации кои можи да си ги најдиме (а кажи каде и во кој филм не е случај?) 300 ми остави силен впечаток – како и Син Сити. Си го гледав како силно филмче во кое не барав историска или документарна потврда на сцените и фабулата и како таков и го доживеав – чисто уметнички релаксирано и неоптоварен со документаризам.

  15. tha Ca$peR | Apr 15, 2007 | Reply

    Го гледав филмот и потполно се слагам со тебе (шепард ), се е кажано у постот…

2 Trackback(s)

  1. From Вуна [б]е пер » Навраќање на 300 | Jan 19, 2008
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment