Во облаците

Една од стварите кои многу ми се допаѓаат кај 2.0 е tag cloud-от (на македонски му доаѓа семантички облак). Во принцип се користи за приказ на тагови, најчесто кај social bookmarking сајтовите. Накратко, во облачето таговите кои се најупотребувани се прикажани со најголем фонт, а помалку застапените со помал.
Инаку, вордпрес нуди можност категориите да бидат прикажани како тагови, и тоа баш во такво облаче. Такво нешто има на блогот Комуникации, кај Миша, а со новиов дизајн и јас решив да го испробам и веројатно така ќе си остане. Плагините кои ги користев се category tagging и category cloud widget.

Вакви облачиња исто така може да се најдат на веб арт сајтови, но постепено се прифаќаат и како додатна опција при аналитика и сл. Јас би ги користел најмногу за анализа на предизборни говори, сликовито да се долови фреквентноста на определени термини (инвестиции, невработеност, економски раст, корупција, интеграција, и наспрем нив екологија, благосостојба, помош, човекови права и сл.).
Еве еден таков приказ на дебатата меѓу кандидатите за претседател на САД од Демократската партија (виа ПрезВид).

Алатки кои може да се користат за правење семантички облак од даден текст се TagCrowd и TagMyCoud. За жал добро функционираат само за текстови пишани на англиски, а кирилица воопшто и не препознаваат.

Јас го зедов текстот Media easily influenced и со ТагКрауд го добив следново облаче:


created at TagCrowd.com

Едит: пост на оваа тема на Комуникации

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment