Лидерските средби се ужас
Лидерската средба, како институција во служба на т.н. политички дијалог, мене ми е изразито антипатична.
Прво, малку поошпшто гледано – со лидерските средби „политичкиот дијалог“ се сведува на „партиски дијалог“, и со тоа се втемелуваат партиските интереси и ставови како единствени, маргинализирајќи ги сите останати политички субјекти (граѓани, интересовни групи и тн.). Партиските елити стануваат неприкосновени и се отвара простор за манипулации, злоупотреби, калкулации и слично, сеа не би сакал да употребувам зборови кои ме потсеќаат на вестите на А1 во 19 часот.
Ебеш таква демократија каде што јавноста е исклучена од донесувањето на клучните одлуки што го моделираат општеството во кое живееме. Турци палци и дипломати знаат повеќе и имаат повеќе влијание врз политичките одлуки од гласачите. [.аНТИблог: Дилерска средба]
За мене овој поопшт аспект е сосем легитимен, меѓутоа за далеку посериозно и позагрижувачко го сметам другото значење на овие средби, кои бар мене, многу ме потсеќаат на консоцијативистичко уредување, односно некоја си импровизирана grand коалиција како прва и најважна карактеристика на консоцијативизмот („заедништво на заедници“, „целина на целини“). Самата суштина на целиот тој „политички дијалог“ е постигнувањето консензус помеѓу политичките субјекти; присутен е и стравот од „вето“ (читај несогласување и противење) од било кој субјект во тие преговори, и се` е пропратено со напнатост, параноја, се употребуваат термини ко „застој“, „кризи“, „непочитување“, не се преиспитуваат припадностите и идеологиите, све е заглавено во една реал-политичка рамка која јас лично ја доживувам како многу сива и мачна. Згора на се`, македонскиот експериментален консоцијативизам се одвива на почва каде што фали третиот сегмент, нема баланс, а тие се територијално сегментирани и со тоа прилично алиенирани. Не се работи на „вкрстување на расцепите“, сите три најбитни обележја се различни (етнос, јазик, вера), и што е најзагрижувачки, партиските елити абер немаат ни од демократија, ни од консоцијативизам.
- Wikipedia
- Лијпхарт: Демократијата во плурални општества [summary]
- Белгија: Народот поверува во лажна вест за распаѓањето [msnbc]
Преминот во (јас го нарекувам) експериментално импровизирано консоцијативистчкото уредување го сметам за „прикачување на машини“ на интензивна нега, односно решение во крајна нужда, крпење на разјадениот систем со апсурдни одлуки, и, исклучиво привремено решение кое понатаму ќе резултира со федерализација и распад, иако сметам дека постои можност за постепено преориентирање кон интегративна политика (парадоксално, цело време се тупи за интеграција, имаме и ДУИ, а се случува токму спротивен политички процес). Со ваква поставеност, плус корупција и невработеност, мене не ми се верува дека ќе успее ни едното, нити ќе дојде до второто.
Лидерските средби не смее да се допушти да се институционализираат, напротив – треба да се напуштат или да се унапредат во трибини на кои ќе бидат присутни и не-партиски лица, затоа што таквиот „процес на одлучување“ пропратен со консоцијативистичките белези не само што ќе ја сотре унитарноста на РМ – јас попрво би поверувал дека ќе си ја поделат земјава отколку да се малтретираат со консензус (всушност, со децентрализијата и автономијата на локално ниво, отиде унитарноста во неповрат, но за тоа другпат); туку ќе допринесе до нови тензии и бизарности, што пак ме засега многу повеќе од губењето на унитарноста. А во моментов, благодарејќи на ваквите лидерски средби, ни јас, ни вие не сме граѓани, туку припадници на заедници (добро што припадноста се изразува со отворен избор, па некој ќе си се изјасни ко Клингонец). Токму заради ваквата концепција државната администрација стана редовната дестинација за кадрите од Тетовскиот Универзитет (а нивната диплома one way ticket), и токму заради ваквата концепција и миспрактика ќе бидат повторно присутни „војводите“ и „правите македонски патриоти“ ко Трепет и сл.
И кога веќе еднаш ќе го преведат Хоровиц?!
No related posts.


