Мачениците од Haymarket Square

Во 1887, во Чикаго, четворица херои беа погубени; петтиот ја измами бесилката со тоа што самиот се уби во затворот. Уште тројца одлежаа по 6 години во затвор се додека не беа помилувани од гувернерот Altgeld кој нивното судење и пресудата ги окарактеризира како заговор, а осудените како жртви на “хистерија, наместена порота и судија со предрасуди”. Државата за време на тоа судење, во обвинението тврдеше дека „и` се суди на анархијата” и се надеваше дека со смртта на тие неколкумина анархисти ќе ја погуби и анархистичката идеја.

Осудените анархисти беа активисти на Синдикатот; токму затоа Први Мај стана меѓународен ден на работникот – за да се запамети нивната жртва. Тие беа судени по лажни обвиненија, дека фрлиле бомба врз полицијата при демонстрациите во Чикаго, кои беа дел од генералниот штрајк на работниците ширум САД, во кој учество зедоа вкупно 400.000 работници од сите градови, и од сите провиниенции, мажи и жени, бели и црни, имигранти и староседелци. Тие бараа стапување на сила на Законот за осумчасовното работно време и конечно спасение од безмилосните стеги на големосопствениците кои беспоштедно ги експлоатираа во трката по профит, на датумот кој синдикатите го беа утврдиле уште пред две години.

Чикаго и протестите

Во Чикаго, на Први и Втори Мај, на улиците излегоа 90.000 работници. Во весниците се пишуваше дека „од оџаците на фабриките не се издигнуваше чад; изгледаше како да е Сабат (големиот неработен празник)“. Тоа беше градот кој претставуваше главен центар за агитација, каде што анархистите го предводеа работничкото движење, каде што анархистичката идеја беше најсилна. Токму затоа Чикаго стана град со неверојатно силен синдикат и даде најголем допринос во движењето за осумчасовен работен ден.

Чикашкото анархистичко движење беше главен двигател на цивилното општество. Во 1884, започна да се издава првиот анархистички дневен весник, the Chicagoer Arbeiter-Zeitung, со седмично списание наречено Fackel, и неделно издание – Vorbote. До 1886, овие весници имаа околу 26,000 читатели, кои воглавно беа германски имигранти и припадници на работничката класа. Исто така, се издаваа и весници и на останати јазици. Чикашките анархисти беа активни и во синдикадите и организираа излети, предавања, игранки, читања и останати настани за работниците. Тоа пак помагаше да се зацврстат врските внатре меѓу работниците и да се стимулира класната солидарност, што пак беше загрижувачко за газдите; кои пак цело време на најразлични се обидуваа да ги опструираат работничките организации.

Градот беше затечен од штрајковите на почетокот на мај 1886; тогаш половина од работниците во McCormick Harvester Co. излегоа на протест. По два дена, се одржа и масовен митинг на околу 6000 ‘lumber shovers’ кои исто така штрајкуваа за своите права. Тоа се случуваш на еден блок оддалеченост од погонот на McCormick; па на протестот се приклучија околу 500 штрајкувачи од таму.

Говор одржа анархистот August Spies, кој на штрајкувачите им се обрати по барање на Централниот синдикат. Додека Spies зборуваше, повикувајќи ги работниците да останат заедно и да не потклекнуваат пред нивните работодавци, во соседниот погон на McCormick некои веќе се обидуваа да го напуштат штрајкот, по притисок на претпоставените.

Останатите штрајкувачи, потпогнати од припадниците на ‘lumber shovers’ маршираа долж улицата и ги натераа предавниците да се вратат надвор во фабриката. Одеднаш пристигнаа околу 200 полицајци кои, без предупредување, ги нападнаа штрајкувачите со пендреци и револвери. Притоа беше убиен најмалку еден работник, а посериозно ранети околу пет до шест други, додека останатите поминаа со помали повреди.

Збеснат од полициската бруталност која ја посведочи, Spies отиде во канцеларијата на Arbeiter-Zeitung и веднаш распиша циркуларен повик до сите работници во Чикаго итно да излезат на протест за правда уште следниот ден. Протестот, кој ќе остане запаметен, се одржа вечерта на 4ти мај на Haymarket Square, а говори одржаа Spies и уште двајца анархо-синдикалисти, Albert Parsons и Samuel Fielden.

Нападот на полицијата

За време на говорите насобраната маса се однесуваше мирно. Градоначалникот Carter Harrison, кој беше присутен од почетокот на настанот, подоцна изјави дека „не се навестувало дека ќе се случи било што што би можело да предизвика полициска интервенција“. Тој го советувал капетанот на полицијата John Bonfield за тоа, и му сугерирал дека бројните одреди од полициски резервисти кои чекале сигнал, требало да си се вратат по домовите затоа што немало потреба од нивното присуство.

Некаде пред 22 часот, Fielden го најавуваше крајот на протестот. Имаше обилни врнежи, и само околу 200 работници останаа на плоштадот. Одеднаш, одред од 180 полицајци, под водство на капетанот Bonfield, влетале на протестот со наредба до луѓето итно да се разотидат. Fielden на тоа реагирал потенцирајќи дека се работи за мирен протест.

Бомбата

Во тие моменти на полицијата (која беше во збиена формација) беше фрлена бомба; еден полицаец загина, фатално ранети беа шестмина, а седумдесетина беа повредени. Толку требаше за полицијата да отвори оган на работниците. Колкумина загинаа или беа ранети, никогаш не беше утврдено.

Тогаш, теророт завладеа со Чикаго. Печатот повикуваше на одмазда, инсистирајќи дека бомбата беше дело на социјалистите и анархистите. Беа вршени рации врз салите за состаноци, канцелариите на синдикатите, печатниците и домовите на синдикалците. Сите јавно декларирани социјалисти и анархисти беа сардисани. Но, и многумина кои и не знае што значи „социјализам“ или „анархизам“ беа изложени на тортура и прогон. „Прво вршете рации а потоа гледајте каде и како” беше повикот на Julius Grinnell, јавниот обвинител.

Судењето

Осуммина беа изведени пред суд под обвинение дека предизвикале инцидент кој бил закана по животот на многумина. Меѓу нив беа Spies, Fielden, Parsons, и петмина други анархисти, влијателни во синдикалното движење, Adolph Fischer, George Engel, Michael Schwab, Louis Lingg и Oscar Neebe.

Судењето започна на 21 јуни 1886. Поротата не беше избрана по стандардната метода на лотарија; за овој случај беше именуван посебен извршител од страна на јавниот обвинител Grinnell, кој требаше да одлучи за тоа кој ќе биде поротник.

Самата порота претставуваше фарса; составена од бизнисмени, нивни службеници, дури и роднина на загинат полицаец. Пред судот пак, не беше понуден ниеден доказ дека било кој од обвинетите ја фрлил бомбата, ниту пак дека е поврзан или воопшто дека се согласува со тоа. Всушност, само тројца од осуммината обвинети беа присутни на Haymarket Square вечерта кога се случи настанот.

Исто така, не се докажа дека било кој од обвинетите или пак говорниците за време на штрајкот повикувле на насилство; дури и самиот градоначалник Harrison во неговото сведоштво, настанот го опиша како „питом“. Не беше понуден ниту еден доказ дека воопшто се контемплирало насилство или било што и да е од страна на штрајкувачите. Всушност, самиот Parsons ги понел со себе своите две мали деца на протестот.

Пресудата

Уште од самиот почеток на судењето беше јасно дека осуммината беа обвинети за ништо друго освен нивните политички убедувања. Судењето заврши како што започна, што се гледа од завршниот збор на обвинителот Grinnell: “И` се суди на анархијата. Овие луѓе беа избрани и обвинети затоа што се водачи. Нема повеќе виновници од илјадниците кои ги следат. Поротници, осудете ги овие луѓе, дадете пример, обесете ги и спасете ги нашите институции и нашето општество.”

На 19 август седуммина од обвинетите беа осудени на смрт, а Neebe на казна затвор на времетраење од 15 години. По макотрпната кампања за нивно ослобудвање (која зеде и меѓународни размери), државата направи „компромис“ и ги преиначи казните на Schwab и Fielden на доживотна робија. Lingg успеа да го прејде системот самоубивајќи се во својата ќелија еден ден порано од датумот утврден за погубување. На 11 ноември 1887 Parsons, Engel, Spies и Fischer беа обесени.

Помилувањето

600,000 работници присуствуваа на нивниот погреб. Кампањата за ослободување на Neebe, Schwab и Fielden продолжи.

На 26 јуни 1893 Гувернерот Altgeld ги ослободи тројцата анархисти. Тој изјави јасно и гласно дека таа одлука не се должи на притисоците или на фактот што тие веќе доволно страдале, туку затоа што тој бил уверен дека тие се апсолутно невини за злосторот за кој биле осудени.

Власта веруваше дека со судењето и ударот врз синдикатите дека ќе го скрши движењето на работниците за воведување на осумчасовното работно време. Подоцна пак, излегоа докази и сведоштва дека бомбата на полицајците ја фрлил некој од луѓето на капетанот Bonfield, како дел од заговорот за дискредитирање на работничкото движење.

При обраќањето на Spies откако ја чул сопствената смртна пресуда, тој изјави дека заговорот нема да успее: „Ако мислите дека со тоа што ќе не обесите ќе го запечатите работничкото движење [...] движење на милиони угнетени, милиони кои макотрпно работат и се дават во мизерија и посакуваат, очекуваат спасение – тогаш обесете не`! Тука ќе згаснете една искра, но таму, зад вас и пред вас, насекаде – беснеат пламени јазици. Тоа е подземен оган. Не се гаси.”

адаптиран превод од статијата на libcom.org

No related posts.

RSS Feed for This Post5 Comment(s)

  1. --TheRebel-- | May 1, 2007 | Reply

    Хммммммммм…. Навистина фасцинанто… Пааа, зарем, ти стварно мислеше дека со неколку реда текст и две-три сликички ќе успееш да ме убедиш дека 1ви мај, освен што е светски признат ден на плескавицата, српските певаљки и празните бочви, е и ден на ова чудо? Пффффф… Што е следно? До каде со овие лудости, БРЕ! Сваштарии…
    :) :)

  2. Сатаниел | May 1, 2007 | Reply

    Од каде само тоа „мачениците„?
    Намерно ли посегнуваш по религиозна симболика или така беше во преводот?
    А што и тоа нема да ме чуди, сите идеологии исто функционираат, исти човекови слабости експлоатираат, било христијанство, било комунизам, било анархизам.

  3. Shepard | May 1, 2007 | Reply

    колку осеќав дека ќе се фати некој на тој збор.

    од преводот е сатаниеле.

  4. --TheRebel-- | May 1, 2007 | Reply

    @Сатаниел, ниедна идеологија, философија, или како сакаш наречи го не е првично експлотаторска,или, догматска. Тие што ги прават такви се приматите, кои не ги/неможат да ги разберат и применат.
    Знаеш, “just like pearls before swine” ;)

  5. Развигор | May 7, 2007 | Reply

    Стрипот „Шпијун“ со Кен Паркер (работничка историја)

2 Trackback(s)

  1. From кибер котле » Blog Archive » Зошто скара за Први мај? | Apr 30, 2007
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment