Ненасловена
свети таванот грее
а конфликт
покрај прозорот се раѓа
судир на погледи
додека надвор
умира бебе
ѕвечка ланец
мириса на страв
а се тресе потклекнува
потреба природа
па стиска заб
додека надвор
умира бебе
темница и шкрипење
ладен бетон
а раскопани прозори
промаја влажна
се слушаат крици
додека надвор
умира бебе
шлапкање во кал
и крцкање
а небо без ѕвезди
во собата мир
привиден
додека надвор
умира бебе
неудобен клек
на тротоарот
во мрак
а вратите се затворија
и гласот затрепери
додека надвор
умира бебе
еден круг
без цел
ниту корист
во преддворјето
а самрак во домот
додека надвор
умира бебе
No related posts.


