Галоп

племиња коњи рубикови коцки велам дека во племето постојат цврсти врски на субординираност односи во кои главатарот и врачот ги манипулираат останатите обврзани да ги слушаат и како рубикови коцки да ги местат и преместуваат разместуваат додека не ги наместат ако ќе ги наместат одново ги растураат за одново да ги местат затоа што тоа е нивната политика на циклична бесцелна дијалектика во која преовладуваат сопствените интереси затоа го измислија племето затоа ги исмислија старешините затоа го измислија коњот и му наредија да гледа напред да се плаши да го млатат камшикуваат бичуваат и сета енергија која ја вложува да биде во влечење на товарот никако да се бунтува и така да влече додека има енергија ако кога ќе падне кутриот да пцовиса од мака да го сварат и дадат на кучињата да го гнетат е така сите коњи завршуваат во конзерва колку и да се убави или расни ги потковуваат само за да бидат поисплатливи затоа што се` се заснова на профитот дури и ги жигосуваат е тоа сте вие коњи во ергелата на глупоста и ограниченоста глејте напред надополнувајте се еден со друг бидете зауздани ама вистинскиот коњ ќе најде начин да избега од шталата да се оттргне од ропството и да трча низ полињата низ природата затоа што таму и припаѓа

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment