Извадок од Новоблогиот Дајџест
Клето блеение според Блогостолот Бложо, преблогирано од Вуна Блогвински Скроластичарот
- Во почетокот беше мислата, и мислата беше во Блога, и Блог беше во мислата.
- Се што кликна исклика, она што го кликна го повлече, а она што му текна го искуца.
- Во темнина свети Блогот, мракот е немоќен покрај светлоста екранова, рамна или нерамна, Бложја.
- Еден ден слезе Блогочовекот меѓу нас, да се обложи, слаткоблога дума да слови, и клетниците да ги облогороди.
- Дојде при Блоговите и Блоговите не го примија.
- А на сите што го примија, пасворд и јузернејм им подари, им даде можност да станат деца Бложји.
- Не од крв, не од похот машка, ами од Блога се родија.
- И од Неговата постота ние примивме блогодат врз блогодат.
- Блога никој никогаш не го прочитал, скролувачки само го пролистал, површно.
- Но тој си призна, „не сум ја Ристо(с), оној Карл од Блозарет, Бложо(с) сум“.
- Рече тој, „јас сум глас на оној кој не вика, кој е тивок и мирен, скрасен, но бологслови, дела твори, за широката јавност“.
- Тие рекоа, „блогопостење е само за лузери“, во потсмев.
- Тие беа фариесеистите, квазиесеистите, колумнистите, блогодушманите.
- Го запрашаа, „зошто блогоштеваш кога е си ни Маркс, ни Енгелс“?
- Мудро тој им го сврте газот, од блогирање тепсија створен.
- Ова се случуваше во Месинџера, отаде Јахуан и Гуглан каде блогоштеваше Бложо.
- Следниот чат Го виде Бложо Маркс како иде со Капиталот клет, и им рече: „еве го магарето Бложјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“.
- И јас го видов и прочитав на блогот, дека овој е брадестиот Син Бложји.
- Појдоа по сферата Бложја, и ги следеа учениците нивни, неблагодарно е да ги спомнам.
- А Маркса кога во коментарите на Блогот виде дека го следат, реши сите да ги линкува.
- На другиот ден, намисли да оди во Блогерајот и да го најде Енгелса, па му рече на Бложо „ајде напрај ми блоготемплејт, блогоманифестален, комунистички“.
- Бложо пушти по мејл апел да му поможат чедата Бложји, Блогче да го пицнат.
- И така и би. Блогче беше стокмено, за манифест да пишат.
- Го пишаа.
- Бложо откако го прочита појде кај Маркса, и му рече „верувам во тебе, во Блогода, Синко Бложји, ти си вистинскиот Блогомесија!“
- Маркса, трогателно му рече одговорајќи: „веруваш оти блогоманифестото клето го линкаа сите. Но не е се` во вербата, чедо. Ќе видиш допрва. Интернетот в небо ќе се вивне, отворено, блангелите Бложји ќе ги гледате, како се искачуваат над Синот Човечки. Блогочовекот ќе го надмине Надчовекот, Човекот и Детето.“
- Неговото пророштво се оствари.
No related posts.
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


