Breaking News

Три лица се удавија, а уште девет се заглавени во поплавената повеќекатница во главниот град.

Денес, во населбата Хшоунж во Скопје, 35-годишната Перса, фрлајќи ја својата влошка во тоалетната школка видела нагло надоаѓање на водата, вистински водоскок. Во паника ги известила дежурните служби, но поради блокадите на „Гласот за светлина“, тие не беа во можност да пробијат до местото на трагичниот настан. Во меѓувреме, цевките во споменатата повеќекатница испукале, при што се случи огромна поплава. Прва жртва беше комшијата на Перса, Цимпе, кој од преголема количина на алкохол, почувствувал силни тегоби и морал да поврати во тоалетот. Но, поради лошото пијанство, тој заспал на работ на школката, и кога се случила несреќата бил погоден од плочките кои паѓале од ѕидовите, при што претрпел фатални повреди. Другите две жртви се малолетните Ш. Е. и Ѕ. Љ. кои во времето на несреќата биле во полов акт со куче во кадата во станот на Ш. Е. Кучето ја искористила паниката која ги зафатила момчињата поради надоаѓањето на водата, се оттргнало од нив и ги изгризало до смрт.
Набргу, водата ги поплавила целосно сите станови во споменатата дијагонала. Дополнителна опасност претставува тоа што во станот на еден од жртвите слободно плива ајкула, која тој ја чувал во сопствената када.

Причинета е огромна материјална штета, а уште девет лица се заглавени во поткровјето на зградата, но не сакаат да се симнат бидејќи им е страв од ајкулата.

Се шпекулира дека причинител на овој немил настан е дотраената санитарна мрежа во Хшоунж, и дека за тоа ќе бидат поднесени неколку акти во Основниот Суд Скопје 1, против градоначалникот Трифун Костовски. Исто така, последици ќе понесе и „Комуналец“, бидејќи нивна задача е отпушување на каналот, а нашите камери регистрираа улошки, пелени, мртва мачка и пар кеси полни ѓубре во истиот.
Граѓаните, според нашиот извор, се наоѓаат во шок, и сеуште чекаат да пристигнат дежурните служби, кои, како што дознаваме, за скоро време би требало да ги поминат блокадите на мостот „Гоце Делчев“.

Куќниот совет свика вонредна седница и побара да биде примен во кабинетот на премиерот Бучковски. Бучковски, кој во моментов е во Мрзенци на јагнешко печење со својата Влада, се огради од секаква одговорност и децидно одби да ја напушти седницата под образложение дека јагнето било многу мрсно, со негови зборови „го сотрело“.

Затоа пак, се огласи опозицијата, на вонредна седница, на која изјавија дека ова е уште еден во низата трагични настани за време на владеењето на „Ганс енд Роузис“, и дека тие ќе се обидат да им помогнат на жртвите, што не треба да се сфати како политички маркетинг, туку како израз на солидарност према своите сограѓани.

Во моментов, во НВО инфо центарот се одржува прес конференција на неколку Организиции. Со понатамошни информации ќе се јавиме подоцна.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment