Der Gefährliche
Опасниот беше средовечно типче, низок околу сто седумдесет, црн ко оџачар, и секогаш замислен. Имаше брадоња околу триесет сантима, мрсна, и кога јадеше супа секогаш се усвињуваше, му се растекуваше, бљак. Нон стоп си ја носеше црвената јакна, видно запрљана и наместа подзакината, без оглед на временските услови. И вунената капа, како патуљак од Снежана [...]

