By Shepard on Sunday, September 17, 2006Filed Under: Poetry
два саат е со санчо се мотаме низ маало кој ли беше твојот влез негде пружен веш и светла горат фрустрации те нема емитирам бес комшиите гледаат на криво натрапници или дедо мраз не е нова година нема ни да крадеме туку ќе пееме серенада на глас се шуњаме оџаци прозорци балкони упорно душкам по [...]
By Shepard on Friday, September 15, 2006Filed Under: Anarchism, Politics
II. Заменувајќи го култот на Господ со почит и љубов кон човештината, го прогласуваме човековиот разум за единствен критериум на вистината; човековата свест и совест како основа на правдината; индивидуалната и колективна слобода како единствен извор на ред во општеството. III. Слободата е апсолутно право на секој возрасен маж и жена да не бараат друга [...]
By Shepard on Wednesday, September 13, 2006Filed Under: Poetry
главата притеснета до ѕидот кај што вчера цртав графити менгеме од мрскотија ја стега за сите поарчени кредити за некого уметник ама за тебе варварин див што само ја погани фасадата на шуплиот живот сив пробав со спреј пробав и со боја не бе не фаќа отпорен ѕид од прекрасна мека кожа на бесчуствителен хуманоид
By Shepard on Monday, September 11, 2006Filed Under: Poetry
драга, ова не е поезија иако е пишано во стих затоа што она што го чувствувам најубаво би го изразил преку крик ова ни под разно не е дело на поет затоа што колку и да посакуваш никогаш не би ти посветил сонет ова не е рима иако така звучи на прва згора на тоа [...]
By Shepard on Monday, September 11, 2006Filed Under: Poetry
бедуин чаршаф на глава се упатив на југ сам низ пустињата бескрајни дини у видокруг ѕвечкање на багажот на копитата тропот меѓу нив крик за помош и душа з`гушена во пот место в небо сега в песок си го забила слаткиот нос распослана во несвест а куров не е термос каква перверзија па баш од [...]
By Shepard on Sunday, September 10, 2006Filed Under: Anarchism, History, Politics
Ова што следи е превод на второто поглавје од книгата на Еди Конлон – „Шпанската Граѓанска Војна“, под наслов Анархизам на дело. Во прилог на овој мој мал труд, еве линк до извадокот од „Омаж на Каталонија“ од Џорџ Орвел на Македонската Марксистичка Архива. (…) Анархизмот е идеологија која е најмалку разбрана. Константно се поистоветува [...]
By Shepard on Saturday, September 2, 2006Filed Under: Poetry
последна проверка пред качување на шатлот зобгувај се со својот допир вид и слух последна шанса цврсто да стоиме на земја и ноздрите да ни почуствуваат воздух додека полетуваме адреналинска треска голема е бучавата при напуштањето на тлото сигурно сме херои во очи на многумина но знај побројни се тие кои ни го посакуваат злото [...]
By Shepard on Friday, September 1, 2006Filed Under: Poetry
баш синоќа ги листав спомените подвлекував со маркер фаќав прибелешки и замисли баш среде едно завршено сеќавање приметив интерпункциска грешка а малку понатаму неправилно поделен збор баш кон крајот на една реченица си ставила точка-запирка место извичник а грешката во делење беше тоа што по запирката останала сама буква в слог