Archive for November, 2007

За едно мече

едно мече за една тегла мед со толкава жед трагало едно мече играло по веселби мавало по добоши почнало да лаже и кодоши за на крај тоа едно мече го стрпале во зоолошка градина и му го дале сиот мед на светот повеќе од што можело да замисли мечето добило тегли тегли мед вангли и [...]

Ај сеа кој е погаден [дебата за абортус]

Да се аргументира забрана за абортус со прикажување клип од постапката, е тотално глупо. Наместо аргументи и критички ставови, се удира на емоции. Цел град е излепен со плакати на кои има линк од изведување на абортус. Стварно е гадно. Ама ништо помалку гадно не е ни ова видео, од породување. WPvideo 1.10 И сеа?! [...]

[песна од пред два дена]

лага велам а вистина кажувам словам не опевам епски раскажувам но тоа не се опишува говори не јунаци на мегдан туку лирика со набој од нежности ѓердан дух ведар насмеан чудно весел од бисери две очи затскриени пресек меѓу подочници и умор во сенка покриени и светло темни усни зашиени во страв мудрост како превез [...]

“Не пиеме нафта” организира настан во Мала Станица

Утре, петок 16.11, со почеток во 13 часот, во Мала Станица (позади Рамстор) во склоп на Peace Unlimited Festival ќе се одржи тркалезна маса на тема “Република Македонија и нејзиното учество во Ирачката војна”. Учество ќе земат професорите Билјана Ванковска, Светомир Шкариќ, Љубомир Цуцуловски, Мирјана Најчевска, потоа претставниците на политичките партии Александар Николоски (ВМРО ДПМНЕ), [...]

Loose Change Final Cut

Конечно излезе крајната верзија. Трејлер: WPvideo 1.10 Линак

Сузбивање или лекување

Во склоп на кампањата Предозираност од осуди, вечерва во 20 часот во к.ц. Точка ќе се одржи трибина на тема “Зависност од дрога – сузбивање или лекување”. Кој сака да дојде, нека повели. Ќе учествувам јас, ќе учествува и Ацо Станковски, верувам ќе има што да се чуе.

Крвопии не!

паразитирате паразити додека не се наситите сити ситни души неспособни за живот ако сакаш лет со авто-пилот на друг не сечи му крило што ти се завидило ти ко кокошка в кал преташ вошка за ситна трошка слава полно его патиш за внимание во страв од непознание необјасниво агресивен правиш муабет депресивен се храниш опсесивен [...]