Woona the Blog
За кандилата во политиката
По повод митингот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и говорот на Груевски.
Реториката проследена со верски, но и со суеверни моменти, како и со милитантен и националромантичарски занес е тотално анахрона и некомпатибилна со принципите на современата политика. Современиот политичар треба да е рационален и да решава конкретни проблеми, а не да пали кандила. Средствата со кои тој се легитимира се неговото образование, а не камата и кубурата. Припишувањето свети атрибути на сопствената етничка припадност, латентниот иредентизам и очигледниот национализам манифестиран од подмладокот на владејачката партија водат кон заклучокот дека најголемото „проклетство и немир“ за народот е тоа што во иднина ќе го водат политичари со ментален склоп типичен за 19 век. – оценува Анастас Вангели, магистер по изучување на национализмот и аналитичар во Центарот за истражување и креирање политики.
[01.06.2010, Време]
Во политиката нема место за Господ [интервју со надополнувања]
Што е, според Вас, заднината на посетите на црковниот врв на МПЦ на седиштата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ?
Мислам дека нема некоја посебна заднина. Мојот впечаток е дека сите засегнати страни во случајов се однесуваат типично за досегашната воспоставена политичка практика во Македонија. Посетите на лидерството на МПЦ во седиштата на политичките субјекти и негувањето на политичките врски се еден од домените на дејствување на МПЦ, се типични за нејзиниот профил. Црквата во Македонија има изразена политичка функција и изразена бизнис функција, а помала екуменска и духовна улога. Одржувањето блиски контакти и со владејачката партија и со најголемата опозициона партија е навистина мудар политички потег- впрочем, партиите се менуваат на власт, а МПЦ останува, и мора да се грижи за сопствената иднина.
Од друга страна, во период на интензивна политичка мобилизација (без оглед на тоа дали е тоа за избори или не), интересот на партиите е да остварат контакт и соработка со што поголем круг на субјекти. Во најмала рака, добриот однос со МПЦ, која е најголема верска институција во државата, е од симболичко значење за политичките партии. Тоа значи дека и партиите го поттикнуваат политизирањето на улогата на Црквата, и тоа не затоа што ја гледаат Црквата како институција од духовно значење.
За СДСМ посетата на делегацијата на Црквата беше одличен пропагандистички момент затоа што се доби впечаток дека СДСМ му излегува во пресрет секому. На долг рок, СДСМ може да ја искористи сликата на партија блиска до Црквата, или на партија во мир со Црквата за привлекување на верници или поклоници на МПЦ, и со тоа да го наруши монополот на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу конзервативните гласачи.
Дали таквите средби се примерни за едно секуларно општество какво што е македонското?
За македонското општество, во моментов, не би рекол дека е секуларно. Македонските закони даваат основа за градење на секуларно општество, но за жал, практиката е спротивна. Посетите на партиски седишта се само еден од аспектите на десекуларизираноста во Македонија. Се разбира, никому не може да му се наметне рестрикција на правото на среќавање со кого што сака, но она што е рефлексијата од ваквите средби помеѓу политичкото и верското лидерство е една анахрона и лоша слика на испреплетеност на религијата со политичката сфера.
Вие застапувате мислење дека симбиозата меѓу црквата и политичките партии ја пречекорува граница границата на пристојноста. Зошто сметате дека тоа е така?
„Ујдисувањето” на Црквата со политичките партии е спротивно на темелните вредности на македонското општество (Уставот), но тоа и ја компромитира духовната улога на религијата. Симбиозата меѓу религијата и политиката е спротивна на идеалот на прогресивноста. Преку политизањето на религијата значително се стеснува јавната сфера и се воведуваат нови критериуми за политичка „подобност“ – значи не е доволно само да се биде граѓанин, туку станува важна и верската припадност. Во Македонија, тоа оди вака: со легитимирањето на МПЦ како неоттуѓив дел од политичката реалност но и од „националниот идентитет” (тврдење што ќе го сретнете и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ), значењето на терминот Македонец/македонско се бои религиски. Па така, тие што не се православни, или што не се поклоници на МПЦ, веднаш имаат полоша стартна позиција. Со други зборови, легитимирањето на МПЦ како институција од такво суштинско значење ги маргинализира Македонците- муслимани, неправославни а христијани, Евреи, будисти, спиритуалисти, а најмногу – Македонците атеисти.
Денес во политиката нема место за Господ, вера и метафизчки нарации. Живееме во 21 век каде што се повеќе работи се објаснуваат со помош на наука и бројки, а трендот да се враќа Господ во политичката дебата е многу штетен. Јас искрено би бил загрижен ако навистина лидерот на мојата држава мисли дека со верба во Господ може да ги оправи работите. Во исто време, би бил и загрижен ако вербата во Господ е само стилска фигура за манипулирање на публиката. Религијата, институционализирана и политизирана, создава омраза и поделба. Создава (замислени) заедници (каде што ги нема) и табори (кои не прифаќаат луѓе различни од себе). Во случајот на МПЦ тоа се гледа преку примерот со изградбата на храм на Плоштадот, каде што „христијанската омраза” под симболите на МПЦ, пред точно една година беше преточена во вербално и физичко насилство.
Неодамна во вашата колумна напишавте дека Владата свесно продуцира меѓурелигиски тензии фаворизирајќи ја МПЦ во однос на другите верски заедници…
Македонија е земја со диверзитет на конфесии. Фаворизирањето на МПЦ како државна институција е спротивно на таквата реалност. Владата треба да биде свесна дека фаворизирањето на МПЦ создава имиџ дека државата за едни е мајка а за други маќеа. Често пати се прави погрешна аналогија – на пример дека насекаде никнувале минариња, па тоа било слика за еднаквоста на МПЦ и ИВЗ. Но, тука се испушта од предвид дека минарињата и џамиите се градени од страна на цивилното општество, без многу помпезност и интервенции од страна на Владата. Ако во Скопје има повеќе џамии од цркви, тоа прво не е лошо (за МПЦ), а второ нема врска со политика. (Сепак тажно е што живееме во средина со повеќе минариња отколку фабрики.)
Познат сте и по критиката дека МПЦ од верска се претвора во политичка институција. Од каде го изведовте таквиот заклучок?
Парадоксално е што православието се повикува на некоја универзалност, а постојат толку многу национални цркви кои се создавани паралелно со политичките граници. По тој образец, и МПЦ во голема мера е создавана како политичка институција, со посредство на Комунистичката партија во времето на СФРЈ. Денес,пак, политичката функција на МПЦ е и повеќе од очигледна – имате владици кои тврдат дека без црква нема држава, имате свештени лица кои сметаат дека треба да им бидат простени даноците затоа што биеле камбани за одредени политичари да дојдат на власт. Тука и не ви треба моето мислење, затоа што и самите претставници на Црквата нема да одречат дека МПЦ објективно е исполитизирана.
[Линк, Глобус 30.03.2010]
Вера и политика
Каков е односот помеѓу верските заедници и политиката? Што го загрозува мултиконфесионалниот карактер на државава? Ни се заканува ли меѓурелигиски конфликт?
На 02.04.2010 (или бар тој е датумот кога се качени видеата онлајн), заедно со професорот Цане Мојаноски, Есад Рахиќ и Африм Тахири од ИВЗ бев гостин во “Патот кон” на Алсат. Во мојот настап зборев за градењето верски објекти на јавен простор и зборував за правата на атеистите (мислам дека тоа е еден од ретките моменти некој да зборува на таа тема во јавна дебата во Македонија). Пробував да го испровоцирам малку претставникот на ИВЗ, меѓутоа, тешко е со политичар да се излезе на крај.
Линкови до емисијата:
Дел 1
Дел 2
Дел 3
Dynamics of Disillusionment
Before
During
After
State of coziness and ultimate comfort. Your illusions serve as   determinant of your goals, formulate means to achieve those goals, directly   set your criteria for what’s good or bad. You might not be immediately   satisfied with the position you are in, but you are fulfilled because you at least   have illusionary ideals, which are unquestionable and often attributed with   sacred features. Basically, you know what you want, even though you may not know   how to get it.
State of awkwardness which gradually turns into anger, and ends in   grief. You start questioning things, and question them retrospectively. You   find an astonishing quantity of flaws in your reasoning and try to   deconstruct the false image you have created. Your intuition boosts, you   become more aware of the plurality of possible interpretations of facts. You   become a bit paranoid and less enthusiastic. Basically, you don’t know what   you want anymore, nor you know how to act.
State of apathy with some traces of cynicism. At the end, you replace   one illusion with another.
Октоподот Пол и нашата ограничена перцепција
Пред некој ден ја чув оваа досетка, за октоподот Пол и за фрустрацијата на секојдневното живеење во Македонија: му дале да бира помеѓу ВМРО и СДС.. и на крајот умрел од глад.
Меѓутоа, оваа „зезанција“ е тежок fail. И мене на прва ми се допадна, но кога размислив подобро следново ми падна на памет.
Приказната за „предвидувањата“ на Пол е дека тој всушност бира школка од еден од двата сада кои му нудат. Школките ги бира, секако, за да ги јаде. Во нашиов случај тој не се решава ниту за школката на ВМРО ниту за школката на СДС и поради умира од глад.
Објаснување зошто Пол умира од глад е дека тој е принципиелен или пак доволно глупав за да не ги одбере ниту ВМРО ниту СДС затоа што се „исто говно“ иако школките му се поставени само во садовите; ако сака да преживее тој мора да брцне кај една од партиите (што за него не е опција).
Тажно е што во приказната не е предвидена школка надвор од садовите. Потсвесното во вицот е прилично искрено: Пол сака да јаде за да преживее, останува само опцијата ВМРО или СДС и тој е „осуден“ на тој избор. Со тоа „вицот“ се става во функција на малодушноста на граѓанинот на Македонија, кој изборот не го гледа подалеку од политичките партии. Не постои ниту за спремност да се замисли школка надвор од садовите.
Деконструкција на митот за МПЦ
[оригинално објавено во Глобус 02.03.2010]
Со повикувањето на митологизирани историски наративи, МПЦ и нејзините сојузници си прават само лоша услуга
Пишува: Анастас Вангели
Еден од клучните моменти во развојот на македонското општество во последните десет години е зголемената улога на верските институции во јавниот дискурс. Од нив, секако предничи Македонската православна црква (по ново, со суфиксот Охридска Архиепископија).
Република Македонија според Уставот и законите е имплицитно дефинирана како секуларна држава, во која институциите на државата се одвоени од религијата. Сепак, религијата и верските институции често пати се наоѓаат во улога на политички актери, а нивните интереси се интерпретираат како политички интереси. Од една страна, тоа е така затоа што навистина религијата има традиционално политичка улога на овие простори уште од времињата на Источното Римско Царство, од друга – во голем обем, верските поделби соодветствуваат на етничките и токму затоа и верата спонтано станува агенс на етничкиот национализам. Како и да е, според испитувањата на јавното мислење, токму верските заедници уживаат најголема поддршка меѓу сите јавни актери (парадоксално, на првото место по стекната доверба се некаде изедначени со армијата), државата се’ повеќе празнува верски празници, а свештените лица се неодминлив декор на јавните манифестации. Дополнително, со своето често произнесување по политички теми (што самото по себе не е погрешно, но погрешен е настапот од позиција на авторитет како што свештените лица милуваат да настапуваат), религијата и де факто длабоко навлегува и во јавната и во политичката сфера, одвојувајќи се од сферата на духовноста.
Македонската православна црква (во натамошниот текст МПЦ-ОА или МПЦ) како посебна институција, впрочем, пледира и на „загарантираната” традиционална политичка улога (повикувајќи се на наследството на Охридската Архиепископија), но и самата се претставува како институција која и духовно, но и политички ги застапува етничките Македонци (затоа, освен што е православна, таа е пред се’ македонска). Притоа, претставниците на МПЦ-ОА свесно или несвесно се повикуваат на нејзината историска улога, а тоа со збор и дела го потврдуваат политичките елити.
„Духовноста, религијата и верата се вековната храна на македонскиот идентитет во сите премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ. Освен центар на христијанство, црквата отсекогаш била центар на образованието на македонскиот народ, столб на човечката пристојност и на јавниот морал. Оттаму, исклучително место во македонската држава и во македонското општество зазема Македонската православна црква.” – од Доктрината за вредностите на ВМРО-ДПМНЕ, 2009
“Нашиот пристап кон религијата и црквата е јасен: ние ја гледаме црквата како клучен историски чинител во развивањето и во зацврстувањето на македонскиот национален идентитет.” – од Решенијата за Македонија на СДСМ, 2010
“Без народ нема држава. Без држава нема опстој на народ. Без народ и држава нема опстој на автокефална црква. Без црква нема опстој на народ и на држава, од причини што не може да се доживее полнотата на слободата, државотворна, национална, културно-просветна и духовна. Македонскиот богољубов народ и држава го претставуваат нашиот македонски организам, нашето тело. Македонската црква е нашата македонска душа.” – Владиката Кирил, во интервју за „Македонско сонце“, 2007
Еден од апсолвираните митови со кои секојдневно се соочуваме е секако оној за историската улога на МПЦ. Како што може да се види од приложеното, митот е првенствено промовиран од претставници на самата Црква (а понатаму прифатен и од „десницата” и од „левицата”), кои сосем погрешно го поврзуваат постоењето на државата со опстојувањето на Црквата. Впрочем, МПЦ е релативно „нова творба”, од крајот на педесетитте од минатиот век. Македонската државност опстојувала повеќе од една декада без своја црква (во периодот од 1945-1958/9), и тоа е период во кој државата всушност забележала голем напредок – меѓу другото, што е многу важно – значаен успех забележала во описменување на населението, со што директно се демаскира тврдењето дека Црквата била отсекогаш центар на образованието и е поврзана со денешната писменост.
МПЦ, исто така, и нема баш многу врска со создавањето на македонската нација, првенствено затоа што македонската нација не е верски хомогена, туку напротив, е прилично шаренолика. Секое поврзување на Црквата со македонската државност на начин како што тоа го прават владиците (државата – тело, Црквата – душа) е кобен по опстанувањето на Македонија. Значителен број на граѓаните на Македонија се муслимани, римокатолици, методисти, протестанти, Евреи, припадници на Харе Кришна, Јеховини сведоци, будисти, но и неверници; и секако православни христијани кои не се идентификуваат со МПЦ. Кога говориме за македонскиот национален идентитет, не смееме да си дозволиме да вмешуваме институции кои не соодветствуваат на мултикултурниот карактер на општеството.
Но, дури и да ја дефинираме македонската нација етнички и верски, преку призмата промовирана од македонските националисти, како составена од православните етнички Македонци (минус сите Муслимани, Албанци, останати малцинства и секако „предавниците”), дури и тогаш има сериозни недостатоци при образложувањето на историската улога на МПЦ. Ако се прифати тврдењето дека таквата етничка нација се создала паралелно со државата, повторно во очи паѓа фактот дека меѓу создавањето на државните институции, кодифицирањето на јазикот и разививањето на македонската култура од една страна и воспоставувањето на МПЦ како посебна Црква од друга, има период од една и пол декада.
Ако се земе пак „историцистичката” теза како точна, дека македонската (етничка) нација се создавала уште во 19 век, тогаш јазолот се заплеткува уште повеќе. Од една страна, може да се посочува на „воцрковеноста” на Македонската револуционерна организација, но, не смее да се испушти од предвид дека многу од илинденците и воошто мнозинството од револуционерните дејци во тоа време биле поврзани со Бугарската егзархија (многу од нив биле и учители во егзархиските школи). МПЦ со оваа приказна и нема врска, особено што се јавува неколку декади подоцна. Најбизарен случај во целата оваа е приказна е оној на Гоце Долчев. Многу кукушани во тој период, а меѓу нив и „најголемиот македонски син”, биле унијати (лојални ниту на Патријаршијата, ниту на Егзархијата, туку на папата). Понатаму, унијатот Делчев го прифатил социјалистичкото-анархистичко учење (без богови, без господари) – станал неверник. Денес, истиот тој Делчев е закопан во православниот храм Св. Спас, а секоја година поповите му го полеваат гробот со вино и одржуваат православни обреди врз него.
Од друга страна, генезата на МПЦ може да се бара единствено во идеите на македонистите, во прв ред на оние на Крсте Петков Мисирков, кој предложил возобновување на Охридската Архиепископија (исто како што ги обвинувал припадниците на МРО и ВМК за насилните методи на работа и за соработката со Бугарија, а особено со Егзархијата). Сепак, меѓу времето на Мисирков и воспоставувањето на МПЦ на има неколкудецениска временска разлика.
Самото создавање на МПЦ е прилично контроверзен историски настан кој допрва треба да се расветлува. За жал, секој обид за непристрасно деконструирање на корените на МПЦ во периодот од 1950 дп 1960 година се дочекува на нож.
Едноставно кажано, додека комунистичките режими во соседството и низ Источна Европа рушеле цркви (на пример во Албанија и во земјите сателити на СССР),југословенскиот режим не само што ги запазил постојните национални цркви, туку дозволил и формирање на нови. Така, во 1958 и 1959, епархиите на Пеќката Патријаршија (СПЦ) на територијата на Македонија барале и добиле автономија, и ја формирале МПЦ, која, сепак, останала во канонско и во литургиско единство со Пеќ. Во 1967 пак (на 200 годишнината од неканонското укинување на Орхидската Архиепископија), МПЦ еднострано прогласила автокефалност и се прогласила себеси за модерен наследник на Орхидската Архиепоскопија, спротивно на каноните на православието, и спротивно на волјата на СПЦ. Меѓутоа, за таквиот чекор МПЦ имала целосна поддршка од комунистичката власт, во одредена мера поради симпатиите кон Македонија, но и во одредена мера како санкција за СПЦ која била блиска до протераното српско кралско семејство. Тоа и овозможило на МПЦ протекции од државата (меѓу другото и подарување на земјиште во центарот на Скопје за изградба на Соборниот храм), но цената за тоа што морала да ја плати и што ден денес ја плаќа е непризнавањето и класифицирањето како шизматичка од православната екумена. Често пати фактот што ниту една друга православна црква не ја признава МПЦ, се поврзува со одредени политички причини (а понекогаш и со конспиративни теории за плановите за уништување на Македонија и на Македонците), меѓутоа, никогаш не се поврзува со она што го тврдат без исклучок сите православни цркви во светот – дека автокефалноста на МПЦ е „самопрогласена” и дека за да биде признаена како релативно независна мора да се врати во канонско единство со СПЦ. Според неговите тврдења, обид за таков чин имаше митрополитот Јован Вранишковски во 2002 година, кој набргу заврши етикетиран како „расколник”; а набргу, државата со прекршување на многу процедури го стави зад решетки во спор кој го предизвика многу негативно внимание од страна на целиот свет и особено од борците за човекови права. Колку за илустрација, Вранишковски од „Амнести интернешенал“ беше прогласен за затвореник поради сопственото убедување (секуларен еквивалент на „маченик”). Собранието пак, во 2004 побрза да донесе Декларација за (морална) поддршка на МПЦ поради овие околности, директно погазувајќи го принципот на секуларност.
Аргументот на МПЦ е дека нејзиното право на автокефалност потекнува од врската со историската Орхидска Архиепископија. Меѓутоа, освен тоа што центарот на таа црква (Охрид) се наоѓа на територијата на Република Македонија и е под јурисдикција на МПЦ, нема многу работи кои би ги поврзале црквите од двете епохи. Историската Охридската Архиепоскопија, од секогаш била во канонско единство со Цариградската Патријаршија. Навистина, таа имала улога во ширењето на словенскиот јазик и писменост, но и натаму нејзин службен јазик останал да биде грчкиот. Сепак, Охридската Архиепископија, во духот на своето време (од Византија, па се’ до отоманскиот 18 век кога била укината), имала исклучиво сехристијанска и екуменска улога, и затоа е бесмислено да се поврзува со каков било национален проект, вклучително и македонскиот. МПЦ, за разлика од историската Охридска Архиепископија, е формирана како национална црква, во духот на сопственото време (впрочем, по 19 век секоја православна црква има национална улога).
Уште една голема заблуда која што се врзува за „историската улога” на Црквата воопшто, е нејзината функција во „одржувањето на духот” за време на „турското ропство”. Припадноста кон една од религиите од светите книги, меѓу нив и православието, била предуслов за стекнување со тогашните политички права во империјата. Значи, Црквата во отоманскиот период претставувала институција на системот и била задолжена за многу работи, меѓу кои, на пример, било и собирањето данок. Една од главните причини за укинувањето на Орхидската Архиепископија во 1767, не е како што митоманите сакаат да ни претстават, „исконското противење на се’ што е македонско”, туку едноставно неефикасноста на поповите во собирањето на данокот. Црквите не го одржувале духот на населението, тие го одржувале отоманскиот систем и затоа нема логика тврдењето дека тие го гаеле духот на независност кај народот. Во 19 век пак, со прифаќањето на нацоналистичкиот принцип на Балканот и со национализирањето на улогата на Црквата, најмалку од се’ која било црква имала некаква улога во т.н. „будење на македонската национална свест”. Додека грчките свештени лица активно биле вклучени во нивната „македонска борба” против револуционерните дејанија, Бугарската егзархија држела до интересите на Софија. Возобновената Пеќка Патријаршија (СПЦ) пак, држела до српскиот национален интерес. Така, во 19 век, единствената улога која црквите ја играле била продолжена рака на соодветните „дипломатии” во Македонија, без никаков придонес во процесот на формирање на каков било македонски национален идентитет. Затоа, паролите на владиците на МПЦ, заедно со паролите од памфлетите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на СДСМ, освен што претставуваат опасност по македонскиот мултикултуралистички модус вивенди, немаат ни историска заснованост.
Се разбира, воопшто и не е важна „историската основа” за легитимитетот на МПЦ. Таа денес обединува илјадници верници и тоа е она што нејзе треба да и даде легитимитет. Со повикувањето на конструираните и на митологизирани историски наративи пак, МПЦ и нејзините сојузници си прават само лоша услуга, не давајќи им мир на духовите од минатото. Со обидот за исправање на историските неправди пак, МПЦ уште толку длабоко се закопува во изолација. МПЦ и нејзините сојузници, политичките партии и секако државата, излегуваат како многу поголеми губитници кога се повикуваат на митовите за минатото и кога гонат „расколници”, отколку кога би ги изолирале таквите случаи како проблем на цивилното општество и кога не би реагирале панично и параноично, употребувајќи го целиот расположлив апарат во својата „историска” борба: од полицијата и судовите, до медиумите.
Ако може да се посочи одредена пресвртна точка во современата историја на Македонија во која МПЦ влетала во политичкиот дискурс, тоа сигурно е конфликтот во 2001. Освен перцепцијата за „органската поврзаност” и „долгот” кон македонскиот етнос, дополнителни фактори кои придонесоа за политизирањето на улогата на МПЦ беа и нападите на манастирите од страна на албанските герили. Особено сликовит пример за тоа беше опустошувањето на Лешочкиот манастир, кој во македонската етнонационална митологија има големо значење, особено во поглед на конфронтацијата со „Арнаутите” кои го биле запалиле во одамна минато време. Владиците на МПЦ тие настани ги искористија како можност да истапат во јавниот дискурс со барања за построга реакција на државата и демонстрирајќи антизападни ставови (а меѓународните олеснувачи беа клучни фактори во изнаоѓање мирно решение). На крајот, некои од владиците се свртеа и против тогашниот претседател Борис Трајковски, но само поради тоа што тој беше методист, нарекувајќи го „секташ” и настапувајќи крајно ксенофобично.
Дека веројатно МПЦ беше блиска со одредени владејачки структури од тој период, можеше да се види и со неколку настани кои следеа, а водеа кон директна десекуларизација на македонското општество. Највпечатлив од нив беше секако градењето на железниот “Милениумски крст” на врвот на Водно, на државно земјиште, по иницијатива на Владата на Љупчо Георгиевски, а со благослов на МПЦ. Освен перцепцијата на Крстот како на средство за „обележување територија” по конфликтот во 2001, особено болно за граѓанскиот концепт беше повредувањето на јавниот простор. Врвот на Водно, видлив од секој агол на Скопје и околината, од јавен стана сакрален простор, во кој се смести симболот на едно од многу верски убедувања, без сензибилитет за различностите и без никаква консултација на волјата на граѓаните. „Во името на Крстот”, освен што со години се плаќаат сметки и собираат пари (а учество има и Владата со јавни средства), периодов и се сечат огромни површини шума од националниот парк, што уште попластично ја отсликува природата на целиот проект “Милениумски крст”, некаде помеѓу самоволието и деструкцијата. Многу похристијански ќе беше со тие пари дадени за градба и сметки да се изградеа училишти и болници, отколку да се тера таков егзибиционизам.
.Дека МПЦ не беше останала рамнодушна кон збиднувањата од 2001 се виде следната година во една пригода, кога при промоцијата на офицери во специјалните единици на МВР, заедно со тогашниот министер Љубе Бошкоски, „чиноначалствуваше” со настанот (некои од новите офицери, според информациите, беа муслимани). Притоа, на новите офицери им беа поделени плочки со ликот на Исус и со испишани молитви, давајќи му верска димензија на нивното промовирање. Подоцна, излезе дека полициските сили имаат и свој светец-заштитник (Свети Димитрија), и дека повремено свештени лица си обавуваат свои свештенички должности поврзани со тоа.
Бргу по конфликтот уследи случајот „Вранишковски” и веќе споменатото вмешување на државата во црковните работи. Случајот, кој за малку не предизвика посериозен меѓународен конфликт меѓу Македонија и Србија, ги мотивираше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја предложат контроверзната собраниска Декларација за поддршка на МПЦ, изгласана со поддршка и на СДСМ во 2004 година. Десекуларизацијата бележеше континуитет и во наредниот передиот, па така во 2007 година беше донесен целосно нелиберален закон за верските заедници во кој им се загарантира монополот на МПЦ (поради преседанот со Вранишковски) но и на ИВЗ (поради случајот со бектешите). Законот во таква форма не беше компатибилен со европските директиви и предизвика жестоки критики од повеќе страни. Преставниците на МПЦ и нејзините поддржувачи повторно се повикуваа на историската улога, но и на случајот со „расколникот” за да ги оправдаат ваквите одредби.
Истата година, тогашниот претседател Бранко Црвенковски со указ ја одликуваше МПЦ со највисокото одличје за заслуги кон државата, „Орден на Република Македонија”. Вистинската причина за ова одличје секако беше 40 годишнината од самопрогласената автокефалност на МПЦ, додека вистинските заслуги баш во тој период беше тешко да се увидат, дотолку што токму вмешувањето на МПЦ во јавниот дискурс предизвика сериозни критики и замерки од сите страни кон Републиката.
Во меѓувреме, се случија работи за кои и не треба многу потсетување: паралелно со „фантомската” кампања за забрана на абортусот, владици на МПЦ пишуваа за чедоморки и блудници. Од друга страна, архиепископот, усојузен со владата, повикуваше на „креирање рожби”. Понатаму, Владата на Груевски се впушти во уште еден контроверзен десекуларизирачки проект – воведувањето на веронауката – се разбира, со силна поддршка од Црквата. За среќа, веронауката не успеа да помине поради ригорозноста на Уставниот суд; но тоа предизвика нов бран „десекуларизација” но и атака на владеењето на правото, бидејќи Уставниот суд беше веднаш изложен на сериозни политички напади (меѓу другото, во тие напади учествуваше и архиепископот Стефан кој најавуваше и промена на Уставот). Тоа не помина несанкционирано од секоја поважна меѓународна организација.
Во последнава етапа од десекуларизацијата, слично како со крстот на Водно, православието повторно физички се наметнува врз јавниот простор со учеството во дистопискиот проект „Скопје 2014”. Овој пат тоа е преку изградбата на сакрален објект на градскиот плоштад од страна на МПЦ, на земјиште подарено од Владата на Република Македонија, под сомнителни правни околности. За да биде сликата комплетна, кога минатата година следбениците на МПЦ опремени со крстови и со соодветна иконографија нападнаа недолжни граѓани кои беа излезени на Плоштадот да го изразат своето демократско право на протест против ваквата идеја, Црквата молчеше и не го осуди насилството.
Царството на МПЦ наспроти царството небеско
Последни вести поврзани со МПЦ се бизнис скандалите во кои Црквата е замешана. Впрочем, и тешко е дури и една Црква да одолее на искушенијата кои ги носат бизнисите, затоа што МПЦ од ден на ден располага со се’ поголем имот. Таа е прилично богата и пред се’ имотна „невладина” организација, која допрва треба да се стекнува со приватна сопственост на свое име, како што ќе напредува денационализацијата (според некои податоци, МПЦ би требало да поседува најмалку 20 илјади хектари обработливо земјиште, пасишта и шуми што е околу осум проценти од територијата на Република Македонија). Парадоксално е што веројатно најголемиот број од тие имоти биле национализирани пред создавањето на МПЦ како таква.
МПЦ редовно собира фондови и од граѓаните, а особено добар „фанд-рејзинг” има во дијаспората. Добива пари и бенефиции од државата, а не е јасно како тоа го користи, затоа што на многу места постојат запуштени цркви и манастири (па затоа се случи и пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски; а оној во Курбиново на пример со години е на оставен на забот на времето) и отсуствува добротворната работа, типична за христијанските заедници. Многу објекти на МПЦ можат во иднина да бидат на удар на УЈП затоа што не плаќале данок (во своја одбрана тие велеа дека „биеле камбани” за одредени партии, па очекувале долговите да им се простат). Од друга страна, видлив траг од трошењето на материјалните средства на Црквата е често коментираниот возен парк на владиците, кој слободно може да се спореди со оној на американските рап ѕвезди (анегдотите кои кружат пак за одредени локални попови, кои располагаат со огнено оружје, се оддаваат на алкохол и млади девојки, дополнително придонесуваат за имиџ сличен на оној на американските рап ѕвезди).
Црквата, впечаток е, веќе со години на ред си дозволува буквално „испади” во јавниот дискурс – почнувајќи од ксенофобијата кон „методистот Трајковски”, до мизогинијата, до ставањето над законите и безобѕирното узурпирање на јавниот простор, како и бесмислениот етнички национализам (или грев познат како етнофилетизам – на пример, владика си дозволи да коментира дека бил многу возбуден затоа што некој од гостите Хунзи му личел на Александар Велики?! Во исто време, Црквата остана нема, а со благи симпатии кон богохулничката „Македонска молитва”, филмот во кој Господ им се обрати на Македоноидите). Во ваквата очигледна политичка кампања, сојузници секако и’ се најголемите политички партии, кои под превезот на етнонационалниот мит за нејзината пресудна историска улога се натпреваруваат кој повеќе ќе ја заштити. Така, скорешни се мемориите од пристигнувањето на „расколникот” назад во Македонија, а и сликата на загрижените социјалдемократи кои го прекоруваа Груевски дека премногу бил толерантен кон него.
Жалното во оваа приказна што МПЦ денес е пренаменета, од верска и духовна, во целосно материјалистичка и политичка институција. Осудена од православната екумена како шизматичка, таа упорно тера правдини против своите „расколници”. Заштита бара во „царството земско” (а и од земскиот кеш), наместо да се фокусира на она што и треба да и биде примарна цел – „царското небеско”. Наместо да се бори за љубов, толеранција и хармонија, таа постигнува контра-ефекти: им суди на „развратничките” и свесно учествува во проекти на раздорот (како што се Крстот на Водно и храмот кој се гради на Плоштадот).
Се чини дека во ваквите случаи, секуларниот концепт би им помогнал на сите оние кои се залагаат за граѓанско општество, но и на самата МПЦ. Кога велам секуларен, алудирам на концепт во кој што институциите на системот и верските институции би биле одвоени до тој степен што вториве би биле на ниво на невладини организации и здруженија на граѓани. Така, првенствено би се прекинало политичкото митологизирање на историската улога на Црквата на овие простори и би се растоварил јавниот дискурс од товарот на верата, „која, нели, со векови го одржувала духот на народот”. Понатаму, би се намалило значењето на црковните спорови во политичката сфера на државата, но и би се растоварила самата Црква во меѓународните спорови, затоа што нема да настапува од позицијата на „душата на народот”, туку од позиција на група на луѓе што веруваат во Господ и на кои многу полесно ќе им биде да функционираат во тој свет. Тоа, секако, би им овозможило на свештените лица да се фокусираат на она за што се обучувани – свештена и духовна, а не политичка и економска дејност. Така и не би се потресувале околу „расколници” и „предавници”, веројатно би олабавиле и со „изгреви” и со земјишта, а на светот би му дале пример како една православна црква, иако обременета од долгите истории и строгите традиции, може да функционира на еден постмодерен начин, во едно граѓанско општество. Затоа што сепак, на свештеникот местото му е во храмот, а на храмот не му е местото на плоштадот; исто како што на крстот му е местото во душата, а не на врвот на Водно.
Отоманските корени на Македонците
[оригинално објавено во Глобус 12.01.2010]
Отоманскиот период е последниот слој на историјата до каде може да се бараат корените на македонската нација
Пишува: Анастас Вангели
Се чини дека дебатите околу „потеклото на нацијата”, или популарно речено, околу „корените”, во етничкиот македонски кампус се толку присутни, што веќе за нив и не треба да се дава некој посебен вовед. Определен дел од учесниците во јавната сфера и граѓаните, сметаат дека со политиките на т.н. „антиквизација” се отвара дилема дали етничките Македонците имаат предоминантно античко или пак предоминантно словенско потекло. Во таа поделба, освен несмасните политичари, им помагаат врховните државни научни институции. На пример, во официјалната „Историја на македонскиот народ” во издание на Институтот за национална историја, се вели дека при интеракцијата на доселените Словени со античките Македонци, античкиот момент преовладал; во привремено повлечената „Македонска енциклопедија” во издание на Македонската академија на науките и уметностите пак, се тврди спротивното. Премиерот Груевски, од друга страна, при промоцијата на археолошките откритија пред две недели, овие дебати ги осуди како смешни, а потоа, во неколку пригоди кажа дека всушност и другите народи кои живееле на овие простори во минатото се важни за идентитетот на Македонците денес.
Оправдувањето на оваа власт кога ќе се спомене „антиквизацијата” е дека идентитетските „релации“, всушност, посветуваат внимание на сите епохи од минатото подеднакво. Многу често се посочува проектот за поставување на споменици на плоштадот во Скопје, меѓу кои и на средновековни, но и поскорешни историски историски личности, а не само на оние од антиката. Меѓутоа, тоа не е валиден аргумент.
Самиот термин „антиквизацијата” (за многумина несреќно позајмен збор од историјата на уметноста) се однесува на позиционирањето на нацијата како античка по потекло, или со други зборови, на барањето на корењата на нацијата во антиката. Тоа, секако, не значи дека националниот мит се сведува исклучиво на тој период. Впрочем, трасирањето на „коренот” како процес сам по себе (не е битно колку „длабоко”), имплицира и постоење на определен континуитет кој трае од „тогаш” до денес, и токму затоа приказната за „корењата” е инклузивна и во себе обединува различни историски наративи кои се лоцирани во „меѓувремето”, од коренот до сегашноста. Ваквиот пристап, со други зборови, се нарекува етногенетски, кој ја зема здраво за готово претпоставката дека античките племиња и останатите од минатото се основата на она што „ние” сме денес и дека постои некој претпоставен континуитет кој е од особена важност за нашиот идентитет.
Важно е да се напомене дека придржувачите на оваа идеја во одредена мера дури и се во право во делот кога велат дека сите народи кои живееле на овие простори оставиле свој белег. Но, во исто време, таквиот став е исклучиво парцијален и е повторно неповрзан со нивната поента дека далечното минато ја определило сегашноста на нацијата. Во голем број од случаите, независно од важната улога што ја одиграле како клучни личности или ентитети во сопствениот историски контекст, оние кои се слават како „предци” баш и немаат врска со денешницата. Иако е навистина едноставно прашањето, многу тешко е да се одговори, на пример, што заедничко има самиот Александар, или пак царот Самуил, со она што се етничките (а и „неетничките”) Македонци денес?
Одговорот кој поддржувачите на идејата за нација- од-дамнина-до-денес би го дале на ова прашање е дека всушност историските ликови и воопшто „предците” не треба да се преиспитуваат и дека доволна е претпоставката за постоењето на некоја директна биолошка или органска поврзаност, т.н. „крвна врска” за одредени историски наративи да бидат славени и да се „гордееме со нив”. Овде секако, клучно е да се напомене дека застапници на ова органско гледиште не се исклучиво „антиквизаторите”, туку и определени приврзаници на словенската (анти)теза кои пак потеклото на нацијата го трасираат до паганските словенски доселенички племиња од шестиот век.
Моментот кој што се испушта во ваквите контемплации е, колку и да звучи претенциозно, вистината дека она што се народите и нациите денес не е одредено од крвта и од гените, туку од културата и социјализацијата. Со други зборови, одговорот на прашањето „кои сме” не лежи (само) во историските списи или археолошките наоди (и пронајдоци). Некои работи и личности, колку и да биле значајни во своето време, немаат никаква врска со нашето битисување во сегашно време. Откритијата и археолошките ископини, во таа смисла, многу повеќе ни кажуваат што се случувало „тогаш”, но во основа занемарливо малку, па речиси и воопшто ништо за она што е денес. Важноста за современиот контекст на тие откритија, всушност, произлегува од целата фама околу нив. Златните маски или кралските гробници, па и целите стари населби кои се откриваат, можат да бидат важни за „идентитетот” само кога се презентираат како такви. И токму тука македонската власт перпетуира една голема заблуда – наместо да остави академска интерпретација на историјата и на откритијата како дел од некое време кое било и завршило, премиерот изјавува дека тазе откопаните 9.800 артефакти би можеле да и’ помогнат на Република Македонија во спорот со името. Тактвото тврдење секако е во линија со ставот на Паско Кузман дека за да има позитивен исход од спорот, мора прво да „докажеме” дека сме потомци на античките Македонци. Тоа, пак, оди директно на линијата на гордеењето со биолошките предци и етногенетското образложување за потеклото на нацијата.
Сепак, постигнувањето на колку што е можно пообјективна и понеобременета слика за самите себе си и осознавањето на сопствениот „идентитет”, не се процеси во кои одредена хипотеза (во случајов дека сме потомци на античките Македонци) се докажува, туку процеси во кои се поставуваат и одговараат на прашања потпрашања за тоа “кои сме?”. Ако тоа е клучното и почетното прашање, тогаш одговорот лежи во нашите секојдневните навики, во стереотипите, светогледите и начинот на кој општеството функционира и на микро и на макро план, а на крајот на краиштата, и во перцепцијата не само на самите себе си, туку и во перцепцијата на странците.
Токму затоа сувопарната историја и археологија без нивно комбинирање со други дисциплини многу малку ни кажуваат за тоа „кои сме”. Тие, дури и доколку се ослободени од политичката мисија којашто во моментот ја имаат, можат единствено да ни кажат за тоа кои биле луѓето кои живееле на овие простори пред нас. Но, историскиот пристап соединет со етнографските, антрополошките, социолошките и културолошките методи многу поефикасно може да помогне во мапирањето на карактеристиките на една нација. Значи, она што е важно е имањето сензибилитет при проучувањето на општествената динамика, а не конструирањето матрици како онаа на етногенезата.
Говорејќи за „идентитетот” на Македонците виз-а-ви етногенетските наративи, не смее да се пренебрегне реалноста дека токму регионалната општествена динамика влијаела и кај домородното население (меѓу нив и Античките Македонци) и кај доселените и потоа покрстени варварски доселеници (меѓу нив и словенските племиња). Во поголемиот дел од историјата, главен фактор на обликување на културата на населението на овие простори не биле овие племиња, туку субјектите на политичка моќ (во прв ред Римската и субсеквентно Источната римска империја т.е. Византија и по неа Отоманската империја). Впрочем, античката македонска култура, дури и додека античка Македонија како воена сила била во зенитот (во времето на Филип и Александар), не била на некое особено високо ниво. Античките Македонци, несомнено, биле изложени на силно хеленско влијание – најизразит пример за тоа е Александар лично, за кого се тврди дека спиел со Хомеровата „Илијада“ под перница. Куриозитетно, Александровиот (фило)хеленизам по неговите првични воени успеси почнал да се исчезнува; но тоа се должело на попримањето на персиската и на египетската култура. Во ниеден случај не станувало збор за промоција на претпоставената автентична македонска култура. Потоа, по падот под римска власт, регионот бил подложен на романизација, процес кој повторно не оди во прилог на тезата за континуитет низ милениумите. Потоа, со признавањето на христијанството како официјална религија на Рим, регионот бил подложен на процес на христијанизација (историски на пример, тоа било многу поважно за ширењето на христијанството, отколку делото на апостолот Павле). Потоа, по поделбата на Империјата, полека почнала да се двои посебната византиска култура (чив интегрален дел е и поглавјето за словенската писменост), која, пак, останува да биде основа на отоманската. Самиот отомански период пак, кој е особено важен но и занемарен во македонските општествени науки, неповратно го променил овдешниот културен код во текот на неговото траење, од 14. век, па се’ до пред помалку од сто години. По него следел периодот на хегемонијата на балканските држави, се’ до воспоставувањето на федеративна Југославија во која современата македонска држава, но и официјална култура биле инаугурирани, а од кои произлегува денешната независна Република Македонија и нејзината нација.
Но, да се вратиме на прашањето „кои сме?”. За тоа да може да биде првенствено добро сварено, би требало да се постави историјата на еден обратно-хронолошки принцип, и да не се оди предалеку во барањето на „корените”. Затоа, прво и основно, за тоа „кои сме”, најважен не е ниту еден народ кој живеел пред нас, туку ние самите. Слично, не е толку важна ниту една претходна славна или неславна историја, како што е важна скорешната. Во таа смисла, најважен е периодот на независна Македонија и посткомунистичката транзиција. Особено е значаен за „младите” генерации кои се социјализирани токму во независна Македонија. Куриозитетно, историјата на независната Македонија, на пример, во образовниот процес е опфатена многу малку и многу површно. Тука е важно да се напомене дека, историјата на независна Македонија воопшто не треба да се изучува од патриотски и родољубови причини. Доволна причина е што по 1991, Македонија и македонските инситуции се главниот субјект на формирањето на „нашиот” идентитет.
Следен период кој што е исто така многу важен за да се добие одговорот на прашањето „кои сме” е југословенскиот период (во кој што исто така биле родени и социјализирани многу генерации. Како што веќе расправав во еден претходен текст, токму за време на југословенскиот период Македонија ги добила своите први релативно независни институции со кои можела да гради автентичен македонски идентитет. Југословенскиот период е и првата (или „нултата”) фаза од македонската современа државност и е сосем разбирливо да биде предмет на интерес. Од друга страна, денес кон ова минато преовладува емотивен пристап со кој тој период вредносно се обојува како исклучиво „лош”.
Важен период, кој претставува своевидно „петно” во македонската историографија е и периодот пред Втората светска војна, во кој што исто така дел од денешната популација била родена и социјализирана. Тоа бил период на веројатно најголемото културно влијание од страна на „озлогласените соседи” врз нашите предци и е многу тешко да се изучува без никаква пристрасност. Многу прашања, меѓу другото поврзани со ВМРО (и со левицата и десницата), случувањата во Вардарска Македонија и во Грчка Македонија, треба допрва да бидат предмет на критичко проучување необременето од режимските стеги.
Така, конечно, доаѓаме до доцниот отоманскиот период, кој е всушност е само „видливиот врв на сантата лед”, која опфаќа цели пет и пол векови. Иако, можеби, веќе нема (или пак набргу ќе снема) живи егземплари родени во овој период, отоманското минато е една исклучителна важна епоха од историјата која не смее да се изостави при формулирањето на одговорот на прашањето „кои сме?”.
Отоманскиот период е можеби последниот слој од историјата до каде што може да се бара „коренот” на современта македонска нација. Пред се’, затоа што епохата на национализмот на Балканот, од која директно или индиректно произлегуваат идеите за формирање на политичка единица Македонија (какви и да се), се случува токму во отоманскиот контекст. Самото ВМРО, издигнато на највисоко ниво во македонската национална митологија е исход на отоманскиот контекст, а по младотурската револуција била формирана и Народната федеративна партија на Сандански која била претставена и во парламентот во Истанбул. Друга причина поради која што нема поголема научна основа барањето на „корењата” пред Отоманците, е што пред нив, во овој регион постоеле драстично понакви начини на политичка организација и воопшто, многу поинаков културен код. Иако во голема мера отоманската култура има наследено на пример, византиски елементи и тој континуитет е неоспорен, сепак, станува збор за сосем различни категории.
При испитувањето на улогата на отоманската историја и отоманското наследство во формирањето на денешниот „идентитет”, барем во Македонија, се чини дека многу работи се испуштаат од предвид. Сепак, балканските народи се блиски до отоманската култура многу повеќе од што сакаат да бидат. Марија Тодорова, авторката која го обвини Западот за „балканизам” (стереотипизирање на Балканот, концепт сличен на Саидовиот „ориентализам”), упатува критики и до балканските историографии и генерално до општествените науки дека го искривуваат сопственото отоманско минато и наследството кое го имаат стекнато од тој период. Во нејзините зборови – отоманското наследство се перцепира од дистанца, и воопшто, на отоманскиот период се гледа како да донел постоење на две одделени сфери, едната на „посебната” домородна култура, и втората, на странската, но наметната отоманска култура. Според Тодорова, многу поточен пристап од ваквиот (инаку мејнстрим во историографиите на Балканот) е оној кој отоманското наследство го третира како континуитет (не континуитет само со „домородната”, туку континуитет со целокупната традиција); а на отоманскиот период гледа како на период на симбиотска култура со домородни но и увезени („турски”) елементи од кој што современите култури произлегуваат.
Тодорова оди до таму што вели дека не треба да се изучува „отоманското наследство на Балканот” туку “(самиот) Балкан како отоманско наследство”. Добра почетна точка за тоа е и самиот термин „Балкан” кој етимолошки потекнува од турскиот израз за „гора” (планина со изоблиство од шуми).
Отоманското наследство е многу поприсутно од што излега на прв поглед. Во политичката сфера, разбирањето на општеството пред се’ во светло на верската и етничката припадност е континуитет од отоманскиот период. Тоа е така, затоа што сите поранешни отомански територии се етнички хетерогени, што го прави демографскиот аспект можеби и најважен аспект на тоа наследство. Во македонскиот Устав, дефинирањето на конститутивните елементи (македонскиот народ – кој има предимство – и потоа албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, и така натаму), а и политичката пракса на политичко и партиско претставување на база на „припадност” во голема мера кореспондира со концептот на нетериторијална федерација каква што била самата Империја. Понатаму, самата административна поделба и конструираната географија од времето на Империјата е клучна во дефинирањето на границите на Балканот (физичките но и дискурзивните). Иако случајот со денешната територија на Република Македонија, можеби има најмала поврзаност со тој период, сепак, првите идеи за формирање на модерна политичка целина Македонија датираат токму од тоа време. Во таа смисла, и идејата за „национално ослободување” е еден од аспектите на отоманското наследство, како што е дискутирано погоре. На крајот на краиштата, и западното „мешање” во Балканот и утврдувањето на балканските граници и институционални дизајни на конгреси на големите сили (вклучително и по неславното македонско прашање, кое е и самото продукт на тој период) е наследство од отоманскиот период. Конкретно, самото глумење на „политички дијалог” со меѓународни посредници во многу потсеќа токму на тоа. На внатрешен план, пак, таквото вонинституционално решавање на проблемите (пазарл’к), исто така влече корени од практиките во Отоманската Империја. Недостигот на автентични културни елити е исто така дел од отоманското наследство. Буквално, во сите отомански владенија на Балканот, вклучително и Македонија, културните елити биле во најголем дел составени од луѓе образувани надвор од Империјата, додека месното население во голема мера било неписмено. Денес, се’ уште се чувствува тој јаз. Отоманскиот период е карактеристичен и по недостигот од автентична буржоазија и благородништво (со исклучок можеби на фанариотите) и по неуспешната индустриализација, што пак се клучни фактор за економскиот неуспех на целиот Балкан и до денес, без оглед на различните патеки кои одделните држави ги имале во 20 век.
Отоманскиот период, секако, оставил и многу белези на микро-ниво, кои дури и во времето на глобализацијата се неизбежни карактеристики на нашиот културен код. Прва таква очигледна карактеристика е голем број на турцизми кои се користат во секојдневниот говор. Освен во јазикот, заеднички за сите „пост-Отоманци” се и многу невербални начини на комуникација кои особено се чудни за „западњаците” (на пример, ц-ц-кањето како знак на негодување, одредени остри гестикулации, плукањето во знак на негодување ( пу јаз’к), држењето и потпирањето на коленото кога сакаме да бидеме сериозни, се начини на комуникација кои многу полесно би ги сфатиле луѓето од Блискиот Исток, отколку од Западна Европа). Друг пример кој се однесува на животот на микро-ниво е кујната (а добро знаеме дека „ние сме она што го јадеме”). Сите „традиционални македонски” специјалитети се всушност отомански: сарма, мусака, турли-тава, бурек, симит (кој е измислен токму во Скопје) и така натаму. Пиеме и турско кафе и се заблажуваме со локум, тулумба и со боза. Главната институција на социјализација пак, и место каде се креира јавното мислење и во урбаните и во руралните средини, кафеаната, датира од отоманскиот период. Иако е слична на концептот на „паб”, „ресторан” или „таверна”, едноставно речено, „кафаната” си е кафеана и не може да се преведе со ниту еден друг збор.
Ако се погледне барем малку подлабоко, примери има уште многу: патријахалноста, митото и корупцијата, политичката улога на судовите, бизнисот „на црно”, ценкањето, и многу други нераскинливи компоненти на нашето секојдневно живеење се последица на овдешното силно присуство на отоманската култура. Надоврзувајќи се на Тодорова, слободно велам дека таа култура не може да ја гледаме телеолошки, „била овде и си заминала”; напротив, таа култура останала длабоко вкоренета и на микро и на макро ниво и ние денес се’ уште живееме според нејзиниот код. Затоа можеби и условно кажано „тешко” (можеби поправилен збор е „на посебен начин”) оди прифаќањето на западните либерални модели, зашто овдешниот културен контест е пред се’ отомански. Затоа што, иако втор јазик ни е англискиот и сите користиме Интернет, се’ уште се расправаме, на пример, за градење цркви и џамии.
Затоа, многу важно е да се осознаат овие битни белези кои се нераскинливи од нашиот непосреден културен код, а директно наследство од петиполвековниот живот во рамките на Отоманската империја. Тоа се белези кои не се ексклузивни за Македонците; тоа се белези кои во поголема или помала мера ги имаат сите соседни народи и воопшто многу од народите кои биле во состав на Империјата: тоа се и белези кои не повлекуваат исклучивост, туку сродност. Додека, на пример, античкиот (или исклучиво словенскиот, или пак исклучиво православниот наратив) придонесуваат за некаква искривена слика за автентичност и историски (морални) права на Македонците, отоманскиот наратив дава една слика за еволуција низ вековите, не на „нацијата”, туку на луѓето кои живееле овде. Прифаќањето на важноста на сопственото отоманско минато, следствено, не имплицира нити постоење на многувековна националност, ниту некакви митови кои би го перпетуирале националистичкиот сентимент, а ја прифаќа мултикултурната реалност на Балканот, и дава можеби клучен инпут во одговорањето на прашањето „кои сме?“.
Мејнстрим преставата за „турското ропство“
Ако се погледнат пошироките контексти на националните истории на Балканот, вклучително и македонскиот – може да се види од фактот дека неколкувековната историја и државност (како дел од државната формација наречена Отоманска империја) е сведена на синтагмата „турско ропство”.
Перцепцијата на овој период е испреплетена со митови и авто-виктимизација (лошите Турци и добрите поробени рисјани) под влијание како на националистичкиот сентимент и потребата за морално издигнување на национализмот (митовите за „истрајноста” и „вербата”), но и од комунистичкиот мит за опресираниот народ и народното ослободување против Империјата. Во исто време, антиотоманскиот отпор се велича на највисоко ниво, иако тој бил екцесивно милитантен, со многу жртви, воден од сомнителни луѓе со сомнителни мотиви, кои ако дејствувале денес би биле третирани како терористи опасни по општата безбедност. Неосновано, национално-ослободителни карактеристики и се’ придаваат и на Црквата и се вели дека токму „верата во Бога му помогнала на овој народ да истрае”. Сепак, отоманскиот политички систем функционирал на база на верската припадност. Ако некој поединец сакал да има какви било политички права, морал да биде верник во некоја од официјалните религии. Следствено, Црквата, се’ до основањето на Егархијата била институција на отоманскиот систем. Поглаварот (патријархот) бил милет-баши, отоманска фигура, кој по политичка моќ бил веднаш зад Портата. Клерот бил одговорен меѓу другото и за собирање данок. Дури и по основањето на Егзархијата, и „национализирањето” на Патријахатот, црквите остануваат институции на режимот, но само со променета лојалност – Егзархијата лојална на Софија, а Патријатот на Атина.
Понатаму, парадигматски случај за виктимизирачко претставувањето на отоманскиот период (еден вид индоктринација) во македонскиот контекст се веројатно училишните историски лекции за „турското ропство”, но и лектирите, со кои во контакт стапуваат уште учениците во основното обрзование. Тука првенствено мислам на „Македонска крвава свадба” на Војдан Чернодрински (која е дополнително вреднувана заради тоа што е „првото драмско дело напишано на македонски јазик”), и „Калеш Анѓа” на Стале Попов, новела која речиси и нема човек чија фабула не ја знае (а која е дополнително вреднувана поради нејзината наводна „документаристичка” вредност, бар во учебниците по македонски јазик и литература). Во обете дела (инаку интересни за разгледување и од родов аспект, што сепак е надвор од темата сепак), приказната говори за мирните и подобни селани чијашто добробит е загрозена од самоволието на отоманската власт. Особено впечатливи се гротескните дијалози помеѓу бегот и оџата во драмата на Чернодрински – во кои тие заговараат убиства („од чист ќејф”) и друг вид на опресија против месното население. Ако се земе в предвид дека целата драма е сместена во доцниот 19. и почетокот на 20. век, јасно се гледа дека таквото претерување на Отоманците е сосем пристрасно – затоа што таа фаза на Империјата е фаза на неколкукратни обиди за реформирање на системот и меѓудругото, за подобрување на статусот на рајата. Што се однесува до „Калеш Анѓа”, ако нејзиниот временски контекст (некаде во 16 век) опфаќал посурова власт од страна на Отоманците, тогаш сигурно не би го опфаќал на пример поимот „ропство”. Имено, Стале Попов раскажува како мариовците навистина биле робови, разменувани за животни; па дури и самиот дава оцена за системот на империјата, кој бил во негови зборови „робовладетелски”, што не соодветсвува со историографските белешки на оваа тема, во кои покрај постоењето на институти како присилна работа, сепак се споменува фактот дека (особено во земјоделието, а ликовите на Попов се сите земјоделци), ропство не постоело, а постоеле различни спогодби и договори помеѓу сопственикот на имотот и тој што работел кај него. Во двете приказни, исто така, се говори за брутално „потурчување”, иако објективните историографски белешки говорат дека најголем број од случаите на конверзија во Империјата, биле на доброволна основа.
“Anti-myth award” for 2009
I am late for months but still.. the people from the Globus magazine have manifested their appreciation for my work by selecting me as one of the top 10 significant non-politicians for 2009 in their special New Year’s edition, featuring a Vanity Fair-style triplet front page. This is what they have written about me [with a subsequent translation in English]
Антимит
Со разбивањето на стереотипите, па и заблудите на македонската наука токму околу таканаречениот македонизам, Анастас Вангели не само што го привлече вниманието на овдешната интелектуална и политичка јавност, туку се најави себеси како доминантен интелектуалец, чии размислувања не се обременети со ниту еден од македонските митови. Тој е еден од оние млади интелектуалци кои даваат надеж дека во оваа земја ќе може да се реализира и една здрава дебата.
Anti-myth
By dismantling stereotypes and the fallacies of Macedonian [social] science, Anastas Vangeli not only attracted the attention of domestic intellectuals and the political community, but announced himself as a dominant intellectual, whose thoughts are not burdened with any of the Macedonian national myths. He is one of those young scholars who gives hope to this country, and will be subject to a healthy debate.
The full article in Macedonian can be found here.
Македонската “антиквизација” како копија на грчкиот модел на градењето на нацијата
“Антиквизацијата” е тема која што ја истоштува јавата дебата во и за Македонија веќе втора  година за ред. Критиките кои беа  дадени околу процесот на “антиквизаторските”  идентитетски политики воглавно секогаш беа поврзувани или со недостатокот од снезитивитет по однос на националното прашање, и оттука со споровите со Грција; или пак со недостатокот од прагматичност при алоцирањето државни пари, во контекст на економската криза. Во овој текст,  ќе се обидам да ја ставам антиквизацијата во еден малку поинаков, можеби и малку авто-референтен контекст на еден поширок мета-процес кој опфаќа цела лепеза идентитетски политики и историски интерпретации (кои во еден претходен текст ги опишав како “неомакедонизам”), а кој всушост се занимава исклучуво со “помакедончување”, односно национализација на општеството.
Не  се случува прв  пат пуштање во оптек на митови за Античка Македонија
Национализирачките  политики виз-а-ви Античка Македонија во македонскиот контекст, не се ништо  ново. Особено ако се гледа низ  леќите на 19 вековната историја и  низ призмата на регионалниот македонски контекст, се чини дека национализирачката пракса, и патронизирањето на Александар Велики и античко-македонските наративи веќе е интегрален дел од една друга политичка реалност – онаа на Грција.
Иако воспоставена на само еден мал дел од денешната територија, грчката држава веќе кон средината на 19 век успеала да развие национална доктрина (Мегали Идеа) за она што грчката држава треба да постане – и културно, и политички. По однос на територијалното проширување, северната граница на проектираната грчка држава требала да допира само малку посеверно од каде што допира денес – некаде во средината на географскиот регион Македонија. Територијалните претензии кон Македонија, меѓу другото, биле оправдани и со античко-македонскиот аргумент. Имено, според Историјата на Константинос Папаригопулос (подоцна прифатена како официјала историја на Грција), географската Македонија е инхерентно поврзана со Античка Македонија, земјата на Александар Велики, кој од Папаригопулос бил прогласен за апостол на класичниот Хеленизам. Оттаму, се’ што било на територијата на Македонија се сметало за македонско; се’ што било македонско било “од Александар”; а се’ што било “од Александар” по автоматизам се сметало за грчко. Се разбира, ова е симплифицирано објаснување за една комплексна дебата која што се водела во одредени грчки кругови, во која под знак прашање се’ ставале многу историски дискурси, а меѓу другото и која територија на Македонија можела да се смета за грчка – онаа на кралството пред походите на Филип – која кореспондира со територијата на денешна Грчка (егејска) Македонија, или пак онаа по освојувањето на Филип – која кореспондира со територијата на регионот Македонија. Од “практични” причини прифатена била првата верзија.
Она што ние  го знаеме за регионот Македонија под Отоманска власт во19 век, е дека во голема мера генералниот дискурс бил одбележан од дејствувањето на странските “пропаганди” (во терминологијата на соседните земји, “надворешна политика кон Македонија”) но и од автентичното ослободително движење. Она што е важно да се напомене е дека тоа не било случај само со Македонија, туку воопшто случај со цела Европа – во долгиот 19 век, во ерата на национализмите и бројните иредентистички проекти, военото и невоеното вмешување во регионите кои биле предмет на оспорување било нешто секојдневно.
Грција, сепак  до 1881 и освојувањето на Тесалија и  Епир, не била ниту физички блиску до Македонија. Како и да е, имала можност  за влијание, пред се’ поради високиот статус на Вселенската Цариградска  Патријаршија, но и на многуте Гркофони, релативно богати и образовани граѓани во урбаните центри (еден вид секуларна елита), пред се’ во Солун. Особено важно било патријаршиското влијание – имено, во Македонија од укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767, па се до воспоставувањето на филијалите на Бугарската Егзархија во 1870тите, цел еден век, постоела само една црковна власт (која во Отоманскиот систем била по моќ веднаш зад Портата). Со митрополиите управувал речиси исклучиво грчкиот клер. Во почетокот нивната мисија била строго “финансиска” – се грижеле за доследното собирање даноци, но со текот на времето, по воспоставувањето на грчката државност и постепеното зголемување на интересот во Македонија, Патријаршијата почнала да добива и поизразит грчки карактер. Дополнително влијаело основањето на Бугарската Егзархија и продорот на таканаречената “бугарска пропаганда” (процес на здобивање на лојалноста на Славофоното население од страна на Софија). Фактот што Егзархијата, која имала пак уште поизразит национален карактер почнала да спроведува процеси на привлекување на Славофоните православни Христијани, го мотивирал грчкото свештенство да го замени универзалното екуменско православно образование со грчко национално. Тоа се случувало и покрај тоа што уште од воспоставувањето на грчката држава слоеви од грчкото свештенство отворено се спротиставувале на идејата за посебна грчка нација, особено која би била фундирана на темелите на антиката.
“Пропагандата” (или дисеминацијата на грчките национални наративи, или пак спроведувањето на грчката надворешна политика) кон Словенското/Славофоното население во Македонија, од страна на грчката патријаршија земала замав по 1870 година, а влегла во зенитот кон крајот на 19тиот век и почетокот на 20 век. Освен со “меч” (со инфилтирирање на контрабанди против ВМРО) и со “злато” (со поткупување на активисти од Словенско потекло), “погрчувањето” на населението од Македонија се спроведувало и со “книга”. Имено, наративот кој се пласирал помеѓу месното население, бил базиран на грчката интерпретација на античкиот аргумент и приказните за Александар Велики. Грчките свештеници ги поучувале жителите на Македонија, дека тие се наследници на славните Антички Македонци, и по споментата логика, дека тие се всушност Грци. Парадигматски случај за овие процеси е дејноста на митрополитот Германос Каравангелис, чии мемоари се преведени и на македонски јазик, а неговата дејност е и предмет на истражувања на новата генерација македонски историчари, како на пример Димитар Љоровски. Во неговите мемоари, Каравенгелис всушност објаснува како го спроведувал “погрчувањето” на Словените/Славофоното население од Македонија, токму преку приказните за Античка Македонија и потеклото од Александар. Неговите “ученици”, го слушале со восхит и воодушевување, и понатаму и тие ја ширеле идејата меѓу своите познаници. Освен што митрополитот им расправал за историјата, тој им покажувал и антички артефакти, како на пример грчки монети со ликовите на Александар и Филип; фактот што монетите биле испишани на грчки јазик тој го посочувал како показател за “грчкоста” на античко-македонското наследство.
Не  се случува за прв  пат антиката да инспирира  сентименти меѓу македонските Словени
Од друга страна, спротивно на генералната идеја  која ја имаме, постојат наоди дека митовите за античкото наследство, и за античката националност, играле значаен дел од она што го нарекуваме “будење на националната свест” кај македонските Словени/Славофоно население во 19 век.
Драган Ташковски, уште во 1969 година, во “Раѓањето на македонската нација” посочува дека помеѓу Словените во 19 век во Македонија голем број на дејци биле заведени од антиката и ја проповедале идејата на историскиот континуитет на регионот Македонија со Античка Македонија; и на народот на Македонија (пред се’ на словенскиот елемент), како на наследник на големиот цар Александар. Како главни носители на ова дело Ташковски ги посочува Ѓорѓија Пулевски (кој во необјавената “Славјаномакедонска општа историја” ќе запише дека Александар бил роден од “славјански баби”), Исаија Мажовски, па дури и младиот Димитар Миладинов, кој знаел често пати да влезе во расправа со Грци/Гркофони познаници по прашањето. Сепак, Ташковски 19 вековната, условно кажано “антиквизација” на македонските Словени, ја оценува како типичен национален романтизам, кој не бил научно ниту логички заснован. Го споредува со паралелните процеси во цела Европа, па и на Балканот, кога многу народи почнуваат да ја трасираат својата генеза до античката историја. Како што Ташковски вели, единствената условно кажано “придобивка” од 19 вековната “антиквизација” било што полека македонските Словени почнале да развиваат една различна, не-грчка, не-српска и не-бугарска, туку автентична македонска идентификација.
Она што Ташковски  дополнително го кажува за овие процеси на оживување и ставање на антиката во некој етнички, или прото-национален контекст е дека тоа било резултат на дејноста на не толку стручни и поалку несмасни учители, како на пример Ѓорѓија Пулески. Неговиот аргумент во голема мера е дека всушност, ваквото македонско-словенско реинтерпретирање на античката историја, е всушност мисинтерпретирање на митот пласиран од грчките инстанци, кој имал за цел да ги придобие македонските Словени. Во даден момент, митот за потеклото од Александар бил изваден од грчкиот контекст, и ставен во контекст сам за себе; или едноставно, митот бил прифатен селективно, без прифаќањето на обрврската за лојалност кон грчката држава.
Но, како што  вели Ташковски, во контекстот кој тој  го смета за раѓање на македонската нација, надоаѓа еден нов наратив – а тоа е македонскиот словенски (прото)национализам, чии најистакнати дејци биле Крсте Петков – Мисирков и Димитрија Чуповски. За разлика од голем дел од “антиквизаторите” кои се стекнале со некое поскромно патријаршиско образование, Мисирков и Чуповски биле далеку повеќе образовани, патувале во странство и претставувале вистинска интелектуална елита (по некој претпоставен образец за тоа што е интелектуална елита). Како што Ташковски вели, тие со своите интелектуални теории, буквално успеаа да ги збришат “антиквизаторите” и ненаучниот романтизам испириран од Александар Велики.
Официјалната  македонска национална идеологија во Југославија (кога и Ташковски ги промовира овие тези), таканаречениот Македонизам, базиран токму на делото на Крсте Петков – Мисирков, иако во еден поширок контекст бил инклузивен кон античкото наследство, токму поради предоминацијата на словенскиот наратив дури и ги “запоставувал” овие 19 вековни “антиквизаторски” состојби – тоа е можеби и причината што приодите како овој на Ташковски се малку познати во јавноста. Како и да е, во последно време, македонската историографија полека почнува да ја отвара темата за дебатите во 19 век, но со една доза на емотивна вмешаност; така на пример ретко во кој од поновите трудови на таа тема да се сретне аргументот за грчкото влијание во дисеминацијата на античките митови; додека пак се промовира тезата дека помеѓу македонските Словени/Славофоното население преданијата за Александар биле зачувани “органски”. Меѓутоа, освен постоењето на неколку средновековни легенди за чија “популарност” има минимален број на референци, овие тези се малку потешко поткрепливи.
Современата македонска антиквизација: “Ние не сме Грци, Бугари ни Срби, чеда сме на Александар, гордост македонска”
Почетоците на современата антиквизација, секако не се во преименувањето на аеродромот “Петровец” во аеродром “Александар Велики”. Митот за директна врска со антиката беше една од основните нишки на македонскиот национализам предводен од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред, а особено по стекнувањето со независноста од Југославија.
Интересно е  да се види кое е објаснувањето  на Љубчо Георгиевски, тогашниот  лидер на партијата, и своевиден  гласник на македонскиот анти-југословенски  национализам (анти-македонистички, во смисол против официјалниот југословенски македонизам). Тој во еден текст објавен пред извесно време во магазинот “Фокус”, посочи дека античкиот мит тој го прифатил пред се’ како средство за будење на Македонците од југословенскиот сон. Во исто време тој додава, дека митовите за Александар и Античка Македонија пред 1990тите биле далеку многу пораспространети помеѓу дијаспората, отколку во самата Македонија. Оваа забелешка е многу клучна, затоа што не’ води до една од главните поенти во текстов.
Не е само Георгиевски автор (и непосреден актер) кој ја посочува дијаспората како фактор за пласирањето на античките митови во Македонија. Тука се и еден ред антрополози и воопшто истражувачи на македонското ново прашање, како на пример Лоринг Данфорт, кои посочуваат на истото. Аргументот позади овие тврдења најчесто се состои во тоа дека токму дијаспората составена пред се’ од мигранти од Грчка/Егејска Македонија (а од нив голем број бегалци поради грчкиот егзодус), ги негувала овие сеќавања, првенствено затоа што биле дел од нивната колективна меморија (затоа што биле и претходно изложени на грчкиот образовен систем кој ги поучувал дека како Македонци (во “грчка” смисла) се потомци на Александар). Важноста на реинтерпретацијата на овој мит бил клучен за нивната македонска, не-југословенска и не-грчка идентификација: од една страна, преку давањето на не-грчки, македонски контекст на антиката, тие ја канализирале фрустрацијата кон грчкиот репресивен државен систем на асимилација од кој пропателе; од друга страна, преку давањето на антички контекст на нивниот македонизам, тие отворено се спротиставиле на мејнстрим “југословенштината”, од која исто така пропателе (пред се’ поради “забивањето на нож во грб” од страна на Тито во текот на Граѓанската војна во Грција, што подоцна довело до нивниот егзодус).
Впрочем, изненадувачки  е податокот колку од клучните актери за динамиката на грчко-македонските “спорови”, потекнуваат токму од оспорениот регион на Грчка/Егејска  Македонија. Манолис Андроникос, археологот кој во 1979 го откопа и потоа “погрчи” Сонцето од Вергина (што е доста оспорувано откритие од страна на светската археологија, делумно поради неговата потенцијална емотивна инволвираност), е по потекло од Бурса, а уште како дете бил дел од “размената” на население по која се заткнал во својот нов дом, Грчка Македонија. Слично е и потеклото на семејството Караманлис, од кое произлегоа двајца грчки државници во последните 20-30 години, кои беа исто така прилично влијателни на одвивањето на спорот. По потекло од Грчка Македонија е и Евангелос Кофос, најпознатиот грчки историчар на македонското прашање и инженерот на надворешната грчка политика кон Македонија во раните 1990ти. Од македонска страна, Егејско потекло има Васил Тупурковкси, сивата еминенција на македонската политичка сцена, кој меѓу другото, е заслужен и за влегувањето на Александар во популарната култура преку неговите “Сказни за древна Македонија” уште во 1990тите. Од Егејска Македонија потекнува и самиот Никола Груевски, премиерот и патронот на современата антиквизација, а и Милчо Манчевски, човекот кој во своите дела можеби не го третира античкото минато, но како многу важен елемент го има и прогонот на Славофоните/етничките Македонци од Грција. Иако постои опасност ваквата теорија лесно да се интерпретира во “заговор против Егејците”, сепак, потенцијалната емотивниотост на луѓето кои потекнуваат од овој регион не смее да биде потценета. За Грците, особено доселените од Мала Азија, Грчка Македонија е симболички нивен Израел, а за протераните Македонци, Егејска Македонија, по таа аналогија, е нешто налик на изгубената Палестина. Од друга страна, ако Македонците со потекло од Грчка/Егејска Македонија ги прифатиме како важен фактор во оформувањето на македонските позиции кон Грција виз-а-ви античкото наследство, имаме ситуација многу слична до онаа која што ја опишува Ташковски, во поглед на 19 век: дисеминирана е грчката верзија на митот на Александар (кој е дел од колективната меморија на “Егејците”), но тој е прифатен селективно, затоа што не се прифаќа обврската дека заради потеклото од Александар треба да се биде лојален кон Грција; напротив, за нив (а и за оние кои не се по потекло од Егејот а го прифатиле митот), потеклото од Александар имплицира лојалност кон Македонија.
Каде  сме денес?
Анастасија Каракасиду, познат грчки антрополог на македонското прашање и “дисидент” на грчките мејнстрим наративи, во еден од своите текстови посочува дека по освојувањето на дел од Македонија во 1913, грчките власти започнале да вршат национализирачки процеси во местата со предоминантно Словенско/Славофоно население на повеќе начини, меѓу кои главни биле поставувањето на бројни споменици од античкото и неантичкото доба, и на воведување на нови национални празници и прослави. Се разбира, не алудирам на монументализирањето на Македонија денес, затоа што ова се практики типични за секое “национализирање” (Хобсбаумовиот концепт на “измислување традиции”), но сличноста е очигледна, особено кога во Македонија денес се дебатираат мегаломанските споменици (од кој најимпозантен е тој на Александар) и воведувањето на нови празници за кои граѓаните и сеуште не се информирани.
Всушност, тоа  е уште еден аргумент кој води кон  заклучокот, дека она што се случува  денес во Македонија – “помакедончување”  воглавно преку митот за антиката, е копија на грчкиот модел. Во 19 век, грчките свештеници се труделе на народот во Македонија да му објаснат дека потекнува од Александар, и затоа всушност, треба да биде лојален кон Грција. Денес, македонските власти, велат дека поради Александар, “И ти си Македонија!”. Во 19 век, официјалната грчка доктрина, користејќи ја филхеленската заспаност на Европа, успеала да си создаде национална идеја во која целиот антички Хеленски комонвелт со сите свои комплексности, бил проектиран како почетокот на грчката нација. Денес, историските комплексности се поедноставени од официјалната македонска доктрина, и почетокот на нацијата се трасира па дури и пред Античка Македонија, во “Македонскиот неолит”. Како што Грција својот имиџ пред светот веќе век и пол го гради преку антиката (во што и успеала); денес Македонија е таа која официјалната “антиквизација” ја инаугурираше токму од главниот аеродром, првиот и главен симбол на односот на државата према остатокот од светот.
Но, не е се’ само околу антиката. Грција, освен за парадигматски случај на“антиквизаторска” држава, важи и за екстремно “национализирачка”, и “хомогенизирачка” држава. Иако започнала од индоктринација, градење споменици и воведување нови празници, многу бргу грчката држава започнала да спроведува и целосно тоталитарниполитики, како на пример забранување на јазиците на малцинствата и воведување јазични полиции, присилно асимилирање регулирано со закон, па дури и терање на граѓаните да ги фарбаат своите фасади во “националните бои” – сино и бело. Токму етничките Македонци кои потекнуваат од Егејска Македонија најдобро знаат за тие процеси. Во исто време, на патот до хомогенизацијата, Грција поминала низ национални шизми, преврати, воени хунти и крвава граѓанска војна. И после се’, денес Грција сеуште се декларира како хомогена нација без етнички малцинства, и го прогласува Александар Велики за најголемиот Грк на сите времиња.
Од друга страна, Македонија е држава која настанува  по друг рецепт, оној на само-определувањето, и им се допаѓало тоа или не на многумина, со голема улога на комунистите. Иако имало иредентистички пројави од самото основање (повиците за обединување), и за нив е дискутабилно колку тие биле израз на само-определба а колку на титовиот империјализам. Сепак, едно е јасно – Македонија е основана на поинаква основа и како поинаква држава од Грција, во целосно поинаков контекст.
Македонија, и  покрај добрите предуслови да гради  мултикултурен, па и постмодерен  дискурс, се чини постои голема опасност целосно да се “шифутва” кон  типичниот модернистички 19то вековен грчки модел на градење на нација, и тоа токму со прифаќање на грчките “финти” поврзани со Александар. Во исто време, се чини “национализирањето”, “антиквизирањето” и “хомогенизирањето” почнуваат да си го земаат “данокот на анахроноста”. Денес бар, може да просведочиме на два процеси кои се резултат на прифаќањето на ваквиот дискурс.
Првата пројава  е национализирањето на граѓанството на Македонија (претежно однесувајќи  се на етничките Македонци), на тој  начин што се создава матрица  на она што е македонско (И ти си Македонија!), и подоцна се вложува труд таа матрица да се наметне врз граѓанското ткиво, без оставање право на избор. Токму затоа проблем се јавува кога оние со “немакедонски” презимиња (како авторот на овој текст) почнуваат да дискутираат за националните прашања (што на долг рок може да вроди со големи меѓуетнички тензии); се јавува проблем кога одредени ентитети и поединци ќе се впуштат во дебатата, само заради претпоставката дека не се водат од националниот, туку од друг интерес (на пример, оние поврзани со Институтот Отворено Општество – инаку “Соросоидите” се сметаат за “про-скопски” ориентирани предавници и во Грција); и се јавува проблем кога некој воопшто ќе се спротистави на ваквата мејнстрим политика (слично е и во Грција – споменатата Каракасиду се соочуваше со цензура и смртни закани заради “предавство”). Парадоксално, меѓу другите етикети кои “предавниците” во Македонија ги добиваат е онаа на “анти-Македонци”; при што индиректно се имплицира дека состојбата Македонец/ка е резултат на став или определба, а не на идентификување (многу слично како со грчкиот идеолошки а не идентитетски концепт на (нео)Хеленизам). Иако условите и темите на кои се развиваат ваквите, условно кажано, дебати (велам условно, затоа што се често базирани на емоции, а не на аргументација) варираат, она што е обединувачкото за “национализирачката” страна е што секогаш се сведува на историскиот аргумент за директната врска помеѓу Античките и современите етнички Македонци и историските права кои произлегуваат од неа – исто како и во Грција.
Втората национализирачка манифестација, пак, се случува како колатерална штета од првата. Таа  се согледува во национализирањето  на историјата, културата и симболиката. Се инсистира на “македонскоста”  на античката, но и пред-античката  историја (на пример, истражувањата за “македонскиот неолит”). Се создава бурлескниот концепт на Македоноидност, кој иако формулиран како во Молитвата кај Томиќ звучи навистина лудачки, сепак е јасно поврзан со сентиментот на една расна супериорност кој полека се развива кај Македонците. Македонски (во национализирачка смисла, вредносно определена со националите митови и сентименти) стануваат одеднаш и некои многу поопшти поими: кирилицата, на која ако не пишуваме – не постоиме; плоштадот, кој ќе стане Дизниленд на националните митови; македонска станува и науката, чија цел е да се рационализираат сентиментите наместо да се бара некаква објективност; а македонски стануваат и љубовта и сексот, чија цел е да продуцира (фабрички, како на лента) нови и млади Македончиња.
За жал, никако моќниците да сфатат дека тоа е  пристап од пред 150-200 години. Дека токму  таквиот дискурс сервиран од страна на македонски власти е поопасен за постоењето на Македонија отколку било која преименувачка тенденција или  надворешна закана. Како што реков, прототипот на таквиот модел, Грција, за да може да се гордее со античка хомогена и славна нација, платила со шизми, поделби, граѓански војни и политички кризи. Се надевам дека никој не е спремен ниту да помисли да ја изложи Македонија на истото.
Демитологизирање на сеќавањата за југословенското минато
Наспроти желбата на расчистување со комунистичкото минато, стои реалноста дека тоа ќе станува се’ повеќе актуелно
Пишува: Анастас Вангели [оригинално објавено во Глобус на 24.11.2009]
Во Македонија подолг период тече процесот на ревизија на минатото. Тоа не вклучува само отварање на прашањата за „потеклото на нацијата” и далечното древно минато, туку и за историскиот развој на државата и поскорешната минато. Во тој поглед, најзначаен предмет на интерес претставува Македонија во рамките на Југославија (периодот од завршувањето на Втората светска војна до осамостојувањето). Третманот на таа епоха од историјата е променет и навидум ускладен со владејачките политики (најавени како „десничарски”, подоцна редефинирани како „конзервативни”). Последен настан од оваа низа е отстранувањето на петокраката, симболот на Народноослободителната борба од државниот грб на Република Македонија, единствениот државен симбол кој имаше континуитет од основањето на државата, до пред десетина дена (името, знамето и химната биле неколку пати подложни на промена).
Ревидирањето на историјата сама по себе не е негативна појава, туку напротив, е многу потребна, особено во ситуации кога општествената динамика носи промена на границите, промена на режимот, а со тоа и промена на перцепциите. Од самите тие промени и произлегува (потребата за) новото толкување на историјата. Меѓутоа, тој процес на ревидирање може да биде единствено успешен или коректен само ако се раководи од сензибилитетот кон различните контексти и исклучување на вредносните судови. Не смеат да се дозволат селективности, импровизации и произволни толкувања, затоа што тие неминовно водат до митологизирање на минатото. Митологизациите пак, нужно имаат емотивна функција и стимулираат на создавање ентиментално обоен однос кон минатото. Емотивното доживување на колективното минато, кое може да варира во спектарот помеѓу „гордеење” и „виктимизирање”, има ефект и во сегашноста: имплицира исправање на историските неправди или, пак, незаслужно гордеење за нешто што се случило можеби и пред нашиот животен век.
Првата грешка која се прави во овој процес на ревидирањето на југословенското минато е што неколкуте децении историја на Македонија се поимаат само како еден настан, кој во дадена точка почнал и во дадена точка завршил (или треба да заврши, ако му се припишат и тразициските години). Она што се заборава е дека тој повеќедецениски период имал своја сопствена динамика, одбележан со повеќе промени на политичкото и економското уредување и со донесување на неколку устави и коренити системски промени. Произволното бележење на тој цел период како исклучиво „добар” или „лош” е поедноставување на комплексноста која Југославија си ја носи сама со себеси. Она што треба да биде почетна точка во кое било пообјективно читање на таа историја, е тезата дека тој комунистички период имал своја динамика и свој контекст од кој понатаму произлегува нашата посткомунистичка сегашност. Оние кои учествуваат во јавната дебата се родени и социјализирани во тој период, кој во определена мерка оставил трага во нивниот личен развој и тоа не смее да биде занемарено. Иако јас сум еден од припадниците на помалата генерација и најголемиот дел од моите сеќавања се од независна Македонија, голем број од актуелните политичари, интелектуалци и луѓе кои го креираат јавниот дискурс се растени, социјализирани, образовани и формирани како личности токму во времето на таа Југославија. Затоа, сосем неразумно би било да гледаат на тоа поглавје од дистанца, како на „туѓа” или, пак, „завршена” историја, со однапред дадени судови дали периодот бил „добар” или „лош”, „позитивен” или „негативен”, „црн” или „розов”; во која било од тие квалификации се потенцираат едни карактеристики на сметка на испуштањето на многу други. Затоа, многу поприфатлива почетна точка е да се каже дека тоа минато било прилично амбивалентно или вредносно неутрално.
До пред извесно време сликата за југословенското минато беше идеализирана и носталгичарска. Романтично се зборуваше за одењето на „наше море” со авто-стоп, братството и единството, животните искуства стекнати при служењето на воениот рок и слично. Генералниот однос на државните институции кон тоа минато беше некритички, па дури и игнорантен – темата не се отвораше и однапред се сметаше за апсолвирана. Но, за разлика од тогаш, сликата која ја осознаваме во овој момент за југословенското и комунистичкото минато на Македонија е сосем спротивна. Главната поента е дека тоа оставило жртви и дека било лошо, дека оние на кои им одговорал тој систем, уживале на сметка на оние кои биле репресирани. Дознаваме, што е уште позначајно, дека националниот идентитет во тоа време бил потиснат, и дека тоа бил период на „наметнат атеизам”. Ако порано се кревале споменици кои го величеле, денес на тоа минато ќе му биде подигнат само музеј на неговите жртви. Згора на тоа, во јавната дебата секоја асоцијација со термините „Југославија” и „комунизам” произволно се третира како зла. Дериватите „комуњар” и посовремениот „неокомунист” служат за бележење на политички неподобните ликови и нивна лична дисквалификација. Со таа етикета се бележат и оние кои потекнуваат од семејство кое добро котирало во комунизмот; оние кои изразуваат некакви симпатии кон југословенското минато; оние кои се политички убедени левичари; оние кои припаѓаат на опозицијата, и така натаму.
Затоа, во овој текст ќе се обидам да продискутирам некои од митолошките претстави за комунистичкото минато.
Еден од наративите кој е се’ поприсутен во македонската јавна сфера е митот за потиснатото национално чувство во времето на комунизмот (или познатиот аргумент „комунистите ве лажат”). Во академските кругови ширум светот, токму таа реторика на „потиснатост” се смета за една од најголемите заблуди во современото изучување на национализмот. Уште повеќе, целиот концепт на „избликнување на потиснатите национални чувства” во посткомунизмот се смета за академска заблуда и само обид за оправдување на посткомунистичкиот национализам. За целата аргументација околу „потиснатоста” или „репресираноста” на националните чувства од страна на комунизмот се вели дека главно се засноваат на преувеличување и на поедноставување на сликата (карактеристично за неразумноста). Всушност, се презентира слика во која национализмот е органски вкоренет во предкомунистичкото минато, за потоа да биде замрзнат или потиснат од страна на комунизмот; и впрочем „одмрзнувањето” се гледа како главна причина за жестината на националистичкиот сентимент по паѓањето на комунизмот.
Роџерс Брубејкер, можеби најзначајниот современ автор на национализмот, оваа заблуда ја класифицира не само како општа заблуда, туку и како погрешно разбирање на национализмот. Всушност, како што вели тој, колку и комунистичките режими да ги регулирале националистичките и сецесионистичките каузи (а ги регулирале, понекогаш и многу сурово), тие во ниту еден момент не биле антинационално настроени. Разликата е недвосмислена: додека митолошкото гледање на комунизмот промовира една слика за „забранетост” на нацијата, неговата поподробна анализа укажува на грижливо утилизирање на концептот на нацијата. На пример, Кетрин Вердери преку парадигмата на Романија, објаснува како посткомунистичкиот национализам и тензиите кои тој ги носи не се последица на воскреснување на замрзнатиот предкомунистички национализам, туку последица на зацврстувањето на националните идеологии за време на комунизмот.
Еднаш, разговарајќи со еден мој пријател, историчар, дојдовме до истиот заклучок: најголемата грешка и слабост на комунизмот била негувањето на национализмите. Наместо разобличување на митовите, комунизмот преку опсесијата за институционализирање, ги инститицуинализираше сите оние инаку многу флуидни категории кои тешко се дефинираат: народ, народност, заедница. И не само што ги институционализирал, туку и сосема некритички ги вклучил во платформата на рамноправност, еднаквост, прогрес, братство и единство. Националистичкиот сентимент, особено во политиката на Тито, бил силно инструментализиран, особено во поддршката на т.н. „мали” национализми (македонскиот, албанскиот, бошњачкиот).
Македонија е земја со два милиони жители и со два милиони приказни за југословенското минато: конгрес на македонските комунисти
Впрочем, провизиите за македонскиот национализам од комунизмот и Југославија се непроценливи. Уште во екот на Светската војна, во 1944, била конституирана независната Демократска Федерална Македонија, на македонските граѓани, која за прв пат во историјата го носела името Македонија напишано на македонски јазик, кој бил прогласен за официјален во Републиката (не Македониа или Македония). Понатаму, била прогласена независната држава Народна Република Македонија, во рамките на Федеративната Народна Република Југославија, со признаени интегритет, државни симболи, нација и национални малцинства во соседните држави. Македонија, како и сите други југословенски републики, а повремено и покраините биле рамноправно претставени (наспроти генералната перцепција) во Претседателството на Југославија. Понатаму, комунистичката власт во Македонија презела и некои конкретни чекори во градењето на македонската нација. Таков пример е пренесувањето на коските на Гоце Делчев 1948 од Софија во Скопје, како знак на подобрување на односите со Бугарија. Во периодот до шизмата со Сталин, а и подоцна, по подемот на Тодор Живков, југословенска Македонија успеала да издејствува признавање на македонското малцинство во Пиринот. Амбивалентно е прашањето и со Грција и вмешувањето во граѓанската војна и последователно повлекувањето по „шизмата” во 1948 и притисокот на Британија. Сепак, неспорно е дека со вмешувањето со логистика за Демократската армија во Грција и поддржување на правото на самоопределување на етничките Македонци во грчкиот дел на Македонија, комунистите биле недвосмислено поддржувачи на македонизмот. Понатаму, во 1948 година со декрет на Партијата е основан Научниот институт за национална историја, понатаму познат само како Институт за национална историја. Мисијата на институтот е да ја „проучува и националната и културна историја на македонскиот народ”. Како еден од најважните моменти во дејноста на ИНИ е издавањето на првата „Историја на македонскиот народ” во 1969. „Историјата на македонскиот народ”, под комунистичка супервизија, спротивно на митот за потиснатоста, започнува токму од античкото минато и од Александар Велики, кој не само во Македонија, туку и во сите југословенски републики бил познат како Александар Македонски.
Матодија Антонов Ченто говори во ослободено Скопје
Се разбира, Југославија како и сите останати авторитарни режими била рестриктивна во поглед на слободата на говорот. Во врска со Македонија и Македонците, постоеле официјални гледишта и ставови и секое спротиставување било санкционирано на најразличен начин. Но, погрешно е да се каже дека во тој период македонското национално чувство или македонскиот национализам биле потиснати; тие во строго определена форма всушност биле дел од големиот југословенски мета-наратив.
Во сличен манир на проектирањето на националното прашање во југословенскиот контекст, се проектира и третманот на прашањето за религијата под комунистичката власт. Како клучен збор кој би соодветствувал на претставата за верата во комунизмот, во последно време во јавната дебата се пласира перцепцијата дека времето на Југославја бил период на „наметнат атеизам”. Тука се прави аналогија со останатите комунистички режими кои ја забранувале црквата или, каде што пак црквата била актер на отпорот и имала дисидентска улога.
Сепак, за разлика од СССР или од Албанија или останатите комунистички антитеистички системи, југословенскиот систем бил сосем толерантен кон верата. Додека во другите комунистички држави имало случаи црквите и манастирите да бидат рушени или пренаменувани во објекти од општ интерес, во Југославија ваквите случаи биле минорни, а подоцна црквите и манастирите, но и џамиите, биле ставени под законска заштита како споменици на културата. Нормативно-правните решенија за положбата на верските заедници биле далеку пред своето време, исто како и судската пракса. На пример, во архивите на Радио Слободна Европа, наидов на вест уште од 1966. Имено, во Љубљана, еден студент-атеист бил осуден поради тоа што со својата антиверска поезија им ги повредил чувствата на останататите студенти верници. Таа одлука се сметала за преседан и вон Југославија; на внатрешен пак сериозно ја разбранувала комунистичката партија.
Во македонскиот контекст, се чини, Црквата и верниците не само што преувеличуваат кога зборуваат за „наметнат атеизам”, туку и треба да се благодарни за третманот во времето на комунизмот. Особено впечатлив е моментот на неканонското формирање/возобновување на Македонската православна црква во 1967, со партиски декрет, и доделувањето на парцелата во строгиот центар на Скопје за да се гради Соборниот храм во 1973. Никој не може да спори дека можеби религијата била некаков предмет на контроверза и дека можеби имало случаи на неправди кон верниците, но да се тврди дека југословенското минато е период на „наметнат атеизам” или како што самите црковни претставници изјавуваат „прогон на верниците” е крајно погрешно и неосновано.
Првата влада на Македонија
Друга линија по која се демонизира југословенското минато е преку митот за крутоста на тој режим, при што е споредуван со Советскиот Сојуз или со Кина, па дури во некои случаи и со Камбоџа. Секако, не смее да заборавиме југословенскиот модел бил авторитарен, автократски (со доживотниот маршал Тито), недемократски (еднопартиски) и во некои аспекти ја лимитирал индивидуалната слобода повеќе од денешниот режим (на пример, забранет и казнив бил хомосексуалниот секс). Сепак, реториката на децентрализација и самоуправа говорат за една сосема поинаква политичка матрица на деалиенација и комунитаризам, уникатна во современата политичка историја, наспроти советскиот централизам, на пример. Згора на тоа, ако се истражува контекстуално, во 1945 година во светот постоеле само мал број демократии. Уште повеќе, главниот демократски систем биле Соединетите Американски Држави, каде што црнците биле дискриминирани со закон се’ до 1965, и каде што комунистите во „ловот на вештерки” под водство на МекКарти биле гонети, малтретирани и ликвидирани, а државната пропаганда кажувала кои се машки, а кои женски работи и како правата домаќинка треба да се однесува. Впрочем и во самата Швајцарија, често пати проектирана како земја која е стандард за прогресивност и слобода, универзалното право на глас и за жени е воведено дури во седумдесетитте години. За разлика од овие примери, еднаквоста по основ на потекло и род, била неприкосновена во Југославија од нејзиното формирање. Во исто време, Шпанија, Португалија и Грција долго биле под фашистичка диктатура, проследена со цивилни судири и неброени цивилни жртви. Самата Велика Британија долго време беше потресувана од ирското прашање. Јужноафриканскиот апартхејд, пак, падна во деведесетитте. Да не зборуваме за другите постколонијални земји или пакисламските теократии. Се разбира, источниот блок во случајов е надвор од сликата. Она што е важно во оваа дискусија е ставањето на авторитарноста на Југославија во соодветниот временски контекст – периодот на студентата војна, кога најголемиот број држави од светот се’ уште биле во фаза на консолидација.
Значи, во голема мера светот по Втората светска војна преставувал поле за најразлични експерименти; југословенскиот експеримент бил поуспешен од едни, а помалку успешен од други. Југославија всушност и успеа самата да се трансформира од социјалистичка во демократска и капиталистичка држава кон крајот на осумдесетиите од минатиот век. Во исто време не смее да се заборави дека најлошите работи во овој регион – воените конфликти – се случија токму по распадот на Југославија.
Можеби најважен аспект на југословенскното минато, кој не смее да се иземе од предвид е дека државноста на Југославија (следствено и на Македонија) била во најголем дел резултат на борбата за ослободување водена од страна на партизанската герила во која учествувале граѓаните засегнати од странското воено присуство (со логистичка поддршка на Комунистичката партија). И тука е клучната разлика во контекстите на развојот на настаните по Втората светска војна. Источна и Централна Европа биле „ослободени” од страна на Советскиот Сојуз, западноевропските земји од Соединетите Држави, и биле поделени на зони на влијанија. Од друга страна, партизански ослободената Југославија (а со тоа и Македонија како нејзин интегрален дел), својата слобода не му ја должела никому и имала шанса да трасира свој независен (неврзан) пат. Потпаѓањето на Југославија, на пример, под западниот или источниот блок можеби би придонело за поинаква динамика на настаните. Од западниот блок, Велика Британија имала најголем интерес во Југославија, но нејзината хипотетичка доминација ќе значела враќање на кралската династија Караѓорѓевиќ и враќање на реалноста на Кралството Југославија. Таквите околности би значеле наметнување на српскиот национализам врз целата Федерација, со што, веројатно, македонското самоопределување би било многу потешко остварливо, бар во тој обем во кој што се остварило во СФРЈ. Потпаѓањето под источниот блок пак претпоставуваме дека би завршило трагично и многу „покомунистички” од онака како што излегло. Затоа, „најнеидеализираното идеализирано” гледање на југословенската судбина по Втората светска треба да биде како трет пат, односно алтернатива на великосрпштината и на Сталин.
За среќа или не, Југославија речиси 20 години е веќе дел од историјата. Убаво би било ако може таму и да си остане, но некои неразјаснети работи од тоа време се’ уште не’ вознемируваат. Наспроти желбата на „расчистување” со тоа минато, стои реалноста дека тоа ќе станува се’ повеќе актуелно. Во прв план е разногласието во интерпретацијата на тој период. Еден политички аналитичар кој го познавам, знае да каже дека Македонија е земја со два милиони жители и со два милиони приказни за југословенското минато. Имотот на нечиј дедо бил национализиран, па тоа сега створило гнев кај внукот. Нечиј друг дедо го добил тој имот, па неговиот внук е благодарен за тоа. Нечија баба била стрелана од странските војски за време на војната, а нечија друга баба била стрелана од комунистите, па кај внуците останала горчината. Но, ништо чудно денес да станува збор за еден ист внук кој ја чул приказната и за национализацијата на имотот на едниот дедо, и за тоа како комунистите го пратиле другиот дедо од селото во градот, за тоа како едната баба му била партизанка стрелана од окупаторот, а другата баба му била стрелана од комунистите. Ништо чудно едниот чичко да му бил благонадежен комунист кој профитирал од системот, а другиот чичко да бил радикален дисидент кој завршил на Голи Оток. Амбивалентен и помалку шизофрен бил тој систем. Можно е и едниот тетин да му бил националист и верник кој сепак успеал во системот, а другиот тетин да му бил радикален марксист кој, ете, завршил екскомунициран и исклучен од партијата. Особено критични случаи се оние кои заминале на печалба во странство и загубиле контакт со овдешната реалност – кај нив се среќава вистинска идентитетска и идеолошка збрка поради различната интерпретација на југословенското минато. Прва асоцијација на оваа тема секако е фиктивниот Џон Крокодилов од скечот на К-15: “комунистите уште ве лажа, Гоце Делчев кога дојде на Тито Македонија да му ја бара, независна да биди”.
За да не бидеме како Џон Крокодилов, секој со својата приказна за Југославија, а против приказните на останатите, мора да се охрабриме и да ја изложиме оваа горлива тема на дисекција и критичка анализа. На македонското општество дефинитивно му треба отварање на таа Пандорина кутија од минатото. Треба да се работи на спроведувањето лустрација (но да биде неселективна и еднаква за сите), да се отворат и тајните документи и јавно да се дискутира за тоа. Но, треба да се отворат и јавните документи, законите, уставите и декретите на Партијата, за да може некои да се потсетат, а помладите да согледаат кои биле навистина нормите во тоа општество. Болката и сентименталноста во тоа може да бидат големи; но голема е и потребата од дијалог. Таа болка не треба да служи како повод за одмаздување и исправање на историските неправди, особено не преку генерализации за минатото, „лов на вештерки” и неразуздано сеење на стереотипи, предрасуди кои вродуваат со поделба на општеството. Една од најголемите негативни страни на тој комунизам била токму одмаздата спрема политички неподобните и оние кои го носеле товарот на минатото. За жал, и антикомунистичката пресметка со политички неподобните може да вроди со многу негативни последици и да го подели македонското општество на сличен начин како што е веќе поделено на етничка основа. Можеби во моментов исто толку тешко е да се склучи мешан брак меѓу „комуњар” и антикомунист, отколку меѓу припадници на две етнички заедници. Затоа, треба темелно да се работи на соочување со минатото (исто како да станува збор за меѓуетнички конфликт), да се работи на помирување и гаснење на страстите, и на отстранување на велот на незнаењето; зашто нема ништо полошо од калемењето на чувство на вина и отфрлање на оние кои тоа не го заслужиле. Како што вели мојот пријател, во Македонија која што има одвај два милиони жители, секој во потесното или поширокото свое семејство и опкружување, ќе најде минимум еден кој бил во Партијата и еден кој бил „неподобен”; или минимум еден „кодош” и минимум еден „кодошен”.
Во исто време, при градењето на новата слика на комунистичка Југославија, не смее да се заборава дека токму во нејзини рамки за прв пат биле признаени македонската држава, нација и јазик, била основана МПЦ, и биле донесени закони кои наложувале рамноправност по основа на потекло и род. Затоа што, сакале ние или не, сепак оваа држава е произлезена од тој контекст и нејзиното постоење и натамошен развој не можат да се разберат без разбирање на Југославија.
(* авторот е магистер по изучување на национализмот)