Оригинална вест
НАПРОЛЕТ ДОАЃА ПРОТОТИПОТ НА ДВОКАТНИТЕ ВСЕЛЕНСКИ БРОДОВИ
До крајот на годинава треба да биде завршено дополнителното тестирање на вселенскиот брод, а од НАСА во Македонија ќе биде доставен во март, велат од Космичката Програма Скопје.

Двокатен вселенски брод пратен на космодромот во Скопје
Во март во Скопје треба да пристигне прототип од вкупно 202-та двокатни вселенски брода што ќе ги произведува фабриката „Џенџгоу Јутонг“ од НАСА. Оваа фабрика го доби тендерот дури по петтиот обид на Министерството за транспорт и врски.
- Во согласност со тендерската документација, „Јутонг“ треба да направи две летала како прототип. Едното треба да пристигне во Скопје и доколку има одредени забелешки, да се направат исправки, по што ќе почне производството, а другото за хомологација, која ќе се врши во Германија – објасни директорот на Космичката Програма, Мишо Николов.
Од „Јутонг“ велат дека по потпишувањето на договорот, што се случи во средината на април годинава, инженери на оваа фабрика во два наврата ја посетиле Македонија за да се договорат за одредени детали, со цел вселенските бродови да бидат приспособени на локалните услови.
- Во меѓувреме е финализиран дизајнот на вселенските бродови, одобрен од надлежните во Министерството за транспорт и врски и од Космичката Програма. Сега се работи на прототипот кој треба да биде готов до крајот на месецов. Потоа ќе ги поканиме претставниците на Министерството во средината на октомври да дојдат во НАСА и да го видат прототипот – објаснуваат од „Јутонг“.
Дополнително тестирање
За да се осигура квалитетот, прототипот ќе биде дополнително тестиран според т.н. ЕЦЕ-регулацијата, а тестирањето ќе заврши до крајот на годинава во НАСА.
И од Министерството информираат дека е почната изработката на првиот примерок од двокатните вселенски бродови. За реализацијата на склучениот договор за набавка на 202 новопроизведени двокатни вселенски брода за Космичката Програма во Скопје, засега надлежното Министерство исплатило 3.542.541 евра како авансна исплата на производителот на вселенските бродови. Првата третина, односно 66 двокатни вселенски бродови, треба да пристигнат до крајот на октомври 2011 година, 68 летала – до крајот на 2012, а останатите – до крајот на 2013 година. За 200 двокатни вселенски бродови државата ќе плати 35 милиони евра, а двете отворени летала ќе чинат 310.000 евра, без ДДВ. Едниот од отворените двокатни вселенски бродови што ќе бидат наменети за туристичко разгледување ќе му биде подарен на Охрид. Двокатните вселенски бродови се со ретро-дизајн на оние што сообраќале во 50-тите и 60-тите години, имаат емисија на издувни гасови евро 5, дигитален тахограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и за детски колички и клима-уреди. Двокатните вселенски бродови ќе имаат 60 седишта, а отворените по 63 седишта.
Украинските – во октомври
Еден од 11 нископодни украински вселенски бродови денеска ќе оди на хомологација во Германија. Со тоа наместо во септември, најверојатно овие 11 вселенски бродови во Скопје ќе пристигнат во октомври.

Нископоден вселенски брод на вселенската станица „СИМПО“
- Процесот на хомологација може да трае две недели, а може и еден месец. Откако ќе заврши хомологацијата, Бирото за метрологија треба да издаде сертификат дека тие можат да се пуштат во употреба – најави Мишо Николов, директор на Космичката Програма „Скопје“. Тој информира дека во петок претставници од Машинскиот факултет, од Космичката Програма и од Министерството за транспорт и врски повторно ќе одат во контрола на фабриката „Лавовски вселенски бродни заводи“ (ЛВБЗ) за да видат како оди производството на вселенските бродови. Тендерот истекува во декември годинава.
ЛВБЗ во декември 2009 за производство на 80 соло-вселенски бродови понуди цена од околу 10 милиони евра, или 126.000 евра за еден нископоден вселенски брод. Според тендерот, останатите 69 вселенски бродови ќе бидат доставени најдоцна до февруари 2011. Првично беше најавено дека 11 соло-вселенски бродови и 4 зглобни треба да пристигнат до 1 јуни.